„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
Регионалната комора со седиште во Берово се организира за членовите на Комората од општините: Берово, Делчево, Македонска Каменица, Пехчево.
Регионална комора со седиште во Берово
Претседател: Владо Мишовски,
Компанија: ХОТЕЛ МАНАСТИР
Адреса: ул. Кирил и Методи 6, Берово
тел.: +389(0)33 279 000
факс: +389(0)33 279 037
E-mail: [email protected]
Web: www.hotelmanastir.com.mk
ДОМИНАНТНИ ИНДУСТРИСКИ ГРАНКИ
Примарен сектор :
Рударство - Олово, Цинк
Земјоделие :
- овоштарство (сливи)
- поледелство (компири)
Одгледување на добиток (овци, кози, крави)
Дрвна индустрија
- примарна преработка на дрво
- производство на мебел
Аква култура
- риби
Секундарен сектор :
Текстил, текстилни производи и производство на облека
Прехрамбена индустрија
- производство, откуп и преработка на млеко и производство на млечни производи
Трговија
Терцијален сектор :
Угостителство и туризам
⮞ Владо Мишовски, Претседател, ХОТЕЛ МАНАСТИР, Берово
ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ ЗА ОПШТИНА БЕРОВО
Беровската Котлина го опфаќа најисточниот дел од Република Македонија, помеѓу 41°06" и 41°53" географска ширина и помеѓу 23°12" и 22°37" географска должина. Општината Берово на југ се граничи со општините Ново Село, Босилово и Василево, на запад со општините Радовиш и Виница, на север со Делчево и со Пехчево, на исток со државната граница на Бугарија. Вкупната површина на општина Берово изнесува 595 км2, а се наоѓа на 800м надморска висина. Релјефот е претежно ридско-планински, а рамнински терени има само околу речното корито на реката Брегалница. Малешевијата располага со огромен туристички потенцијал кој се уште не е искористен, иако последните години се забележува голем подем во овој сектор. Гостите во Берово и во оклните туристички населби престојуваат најмногу за викенд, посебно за новогодишните празници, за велигденските и за првомајските празници, а за време на летниот период се задржуваат просечно по 4 -7 дена. Најголем број од поситителите се домашни туристи, но во последните две години и бројот на странските туристи е во пораст (претежно странци на мисија во Македонија). Гостите во најголем интерес покажуваат за чистиот воздух, мирната и тивка околина и можностите за одмор и релаксација, вкучувајќи ги и прошетките во планина, но не е мал ни бројот на оние кои доаѓаат во Берово поради здравствени причини. Вкупната површина на територијата на општина Берово изнесува 68 226 ха, при што на земјоделско земјиште отпаѓа 57 %, а на шумско 43%. Од земјоделско земјиште се обработуваат 7 % од кои 21 % се под ниви и градини, 2,2 % под овоштарници и 9,5 % под ливади и 33 % под пасишта. Земјоделството е важен дел од општинската економија, со ангажирање на околу 20 % од населението, а истовремено и важен извор на храна и сигурност за другите жители на општината. Водечки култури во растителното произвоство се компирот, житата, сината слива и вишната. Производството на компир варира во зависност од откупната цена и од можностите за продажба и се движи меѓу 3000 и 4000 тони годишно, иако има можности за двојно поголемо производство. Поради високата стапка на данок (од 18%), поради зависноста од државата од увозот на семе и на ѓубре, како и поради високата цена на нафтата, а и поради увозот на полу- смрзнат компир кој ги задоволува потребите на големите потрошувачи (месечно се внесуваат по 100 тони), се чувствува и одредена стагнација во производството на компир, иако регионот е признат за производство на квалитетен компир во Македонија. Површините засеани со пченица се двојно намалени (околу 400 ха, со производство од 100 тони), поради неповолната цена на пазарот и поради големите трошоци за производство.Производството на ’рж (900 ха и 2 500 тони), на јачмен (240 ха и 700 тони) и на овес (235 ха и 300 тони) продолжува, иако приносите се под меѓународните стандарди -3000 кг/ха (за овесот е 1221 кг/ха). Сливата во последните години добива се поголем замав-се подигаат нови засади,што во последните години се стимулира од државата. Околу 67 500 стебла даваат 1000 тони слива 2500 стебла даваат 1725 тони вишни. Сливите и вишните се продаваат во свежа состојба главно на поголеми трговци кои понатаму ги пласираат на странските пазари. Постојат потенцијали за производство на сушено овошје и за други преработки на овошјето. Моментално на подрачјето на општина Берово и тоа во приватниот сектор, има околу 20500 овци и 2530 говеда. Според податоците од ПЕ на МЗШВ, просечното стадо брои 34 овци. Просекот на говедата е две грла по одгледувач.
Корисни линкови