„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Генерален Економски Совет

ГЕНЕРАЛЕН ЕКОНОМСКИ СОВЕТ

Генералниот економски совет (General Economic Council) на Стопанската комора на Македонија е стручно тело составено од најистакнатите стопанственици (сопственици и менаџери) и експерти, кои долги години наназад биле, но и денес се активни учесници во коморските активности и со своето знаење, искуство и вклученост во работата на Комората, можат значајно да придонесат во стратешките правци на дејствување на Стопанската комора на Македонија во наредниот период. Ова тело е формирано заради обезбедување консултативни и советодавни мислења и предлози во остварувањето на целите и задачите на Стопанската комора на Македонија, нејзините органи и тела и работењето на македонското стопанство, утврдени со Законот за стопанските комори, нејзиниот Статут и другите акти.

Накратко, Генералниот економски совет има консултативно-советодавна функција и тој ќе разгледува и утврдува мислења и насоки по клучните прашања за позиционирање на Комората согласно потребите на македонското стопанство.

Членови на Советот може да бидат експерти со научен степен доктор на науки, сопственици на капиталот и менаџери на компании со долгогодишно искуство и резултати во организирањето и раководењето со работата на трговските друштва и вклученост во активностите во рамките на Стопанската комора на Македонија, чија активност е насочена кон унапредување на пазарното стопанство, претприемништвото и конкурентноста во работењето.

Генералниот економски совет, како стручно тело е формиран со одлука на Управниот одбор на Комората, на 30.06.2020 година. Очекувањата се дека работата на ова тело, може да има големи придобивки во остварувањето на мисијата и визијата на Стопанската комора на Македонија.


Контакт лице: Служба за информирање при Комората Телефон: ++ 389 2 3244000
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: [email protected]
Контакт центар: (02) 15015