„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
„Подобро е Комората да ја имаме како партнер на Владата во конципирање на законите, отколку како опонент во нивната примена“
(Џејмс Харолд Вилсон, премиер на Велика Британија во седумдесеттите години од минатиот век)
1922 – 2019 година. Уште три години и едно столетие од коморското организирање во Македонија.
Како застапници на интересите и гласот на бизнис-секторот, коморите се институции со долга историја и претставуваат значаен економски фактор во секоја држава без разлика на видот на системот на коморско уредување.
Македонија, како дел од Отоманската империја, била значајна бидејќи се наоѓала на крстопатот помеѓу сите патни правци (исток, запад, север и југ). Во старите турски документи, во периодот на XVI - XVII век, период на историски, но и културни промени, се наоѓаат податоци за формирањето на т.н. „одаси“, односно еден вид еснафски здруженија, зачетоци на коморското организирање во Македонија.
Според официјалните податоци, првите зачетоци на коморското организирање на територијата на Македонија се евидентирани од 1922 година кога со Законот е основана Трговско-инустриската комора со седиште во Скопје. Со Законот за претпријатијата од 1931 година, коморите се трансформирани во советодавен и помошен орган на државната власт, преземајќи истовремено одредени јавно-правни функции (издавање дозволи, уверенија, легитимации, вршење на арбитражно судство, именување вешти лица и сл.). Со Повелбата на Президиумот на АСНОМ од 18 февруари 1945 година е формирана единствена Трговска индустриска комора со надлежност на територијата на тогашната македонска федерална единица. Од овој период во Република Македонија започнува интензивниот развој на стопанството и на коморското организирање.
Во периодот до 1962 година, кога со Закон е формирана единствената Стопанска комора на Македонија, делуваат и неколку разгрането организирани комори кои дадоа значаен придонес во афирмацијата на коморското организирање во Република Македонија. Со Законот за Стопанската комора на Македонија од декември 2004 година Комората е деловно стручна асоцијација која ги усогласува, застапува и ги штити интересите на своите членови и со формирањето на приватно-правниот модел на коморско организирање брои повеќе од 15.000 членки на доброволна основа. Стопанската комора на Македонија од 1994 година стекна статус на член на Меѓународната трговска комора.
Комората, како облик на организирање на стопанството во Република Македонија, со својата активност, извршувајќи ги своите функции, даде огромен продонес за развојот на македонското стопанство, а пред се`, за стручното оспособување на кадрите, подобрување на квалитетот на производството, развојот и афирмацијата на стопанските потенцијали преку пропаганда, промотивна и претставничка функција на одредени специјализирани организации чиј основач беше Стопанската комора.
Од декември 2004 година, со Законот за Стопанската комора на Македонија, Комората е деловно стручна асоцијација којашто ги усогласува, застапува и ги штити интересите на своите членови и со формирањето на приватно-правниот модел на коморско организирање брои повеќе од 15.000 членки на доброволна основа. Во Комората на доброволна основа се здружуваат правни лица со седиште во Република Македонија кои вршат стопанска дејност и се запишани во трговскиот регистер. Во Комората може да се здружуваат и други субјекти кои со својата дејност придонесуваат за унапредување на работењето на стопанството.
Стопанската комора на Македонија од 1970 година започна со доделување на Првомајската награда, а во 1994 година таа се преименува во Награда на Стопанската комора на Македонија и се доделува по повод Денот на Комората - 18 Февруари.
Стопанската комора на Македонија од 1994 година стекна статус на член на Меѓународната трговска комора.
Улогата на Стопанската комора на Македонија се гледа токму во развојот.
Несомнен е нејзиниот придонес во вкупниот стопански подем и во профилирањето на економскиот амбиент.
Значењето на стопанските комори постепено се зголемува и станува мерка за степенот на развиеност пазарната економија и демократијата во едно општество. Тие се динамични институции кои, пред се`, имаат задача да го промовираат развојот преку поддршка на бизнисот. Тие се огледало на националните економски субјекти. Како застапници на интересите и гласот на бизнис-секторот, коморите се институции со долга историја и претставуваат значаен економски фактор во секоја држава, без разлика на видот на коморското уредување.
Коморите го отсликуваат степенот на развој на општествено-политичките и економските односи, а со тоа и степенот на развој на пазарната економија во една држава. Така, денес, коморите нудат широка палета на услуги за своите членки.
На 17 февруари 2017 година, во присуство на комлетната домашна бизнис елита, придружувана од присуството на дел од влијателните, за Македонија, домашни и меѓународни економски и политички личности, на свечен и достоен начин и во работен дух, се одбележа 95 годишнината од постоењето и функционирањето на најстарата и најбројната бизнис асоцијација во земјата, Стопанската комора на Македонија.
Одбележувањето на годишнината беше збогатена со организирање на тркалезна маса на тема: „Позицијата на малите земји во меѓународната економија – предности и недостатоци“, иницирана од двегодишната работа на стопанските комори и нивните членки за развивање и практично заживување на една значајна иницијатива - Иницијативата за поврзување на претприемачите од малите земји, која произлезе од потребата за нивно поврзување, заедничко дејствување и соочување со предизвиците за водење бизнис во особено тешки времиња.
На тркалезната маса учествуваа реномирани претставници од бизнисот, науката и од бизнис-асоцијациите, поранешни премери и претседатели од регионот и пошироко, кои потекнуваат или работат во мали земји, и тоа: Mило Ѓукановиќ, црногорски државник, искусниот хрватски политичар и државник Стипе Месиќ ; Бранко Роглиќ, сопственик на „Орбико“, хрватски милијардер, меѓу најуспешните претприемачи во регионот, водечки дистрибутер во Европа; Свето Јаневски, претседател на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, македонски бренд во бизнисот и менаџерството; д-р Владимир Глигоров, меѓународен економски експерт од Виенскиот институт за меѓународни економски студии, чија работа е насочена на научно-истражувачки студии во земјите од Балканот; д-р Александар Влаховиќ, претседател на Сојузот на економисти на Србија и главен организатор на Копаоник бизнис форумот; проф. д-р Кочо Анѓушев, главен извршен директор на Групацијата ФЕРО ИНВЕСТ ДОО Скопје, професор на Машинскиот факултет при УКИМ, потпретседател на Комората и успешен македонски бизнисмен и претприемач; проф. д-р Драган Микеревиќ, редовен професор на Економскиот факултет во Бања Лука, претседател на УО на Сојузот на сметководители и ревизори на Република Српска; поранешен премиер на Република Српска; Џемал Инаишвили, претседател на Конфедерацијата на азиско-пацифичките трговско-индустриски комори и член на Генералниот совет на Светската коморска федерација, поранешен пратеник и заменик претседавач на грузискиот парламент; Сава Далбоков, претседател на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје и член на Управниот одбор на „Steiermarkische Bank und Sparkassen AG“, Австрија; д-р Златко Симоновски, генерален директор и претседател на Управниот одбор на ФАКОМ АД Скопје, една од најголемите компании во Југоисточна Европа во металопреработувачката индустрија, Марко Чадеж, претседател на Стопанската комора на Србија и Сафет Ѓерѓалиу, претседател на Стопанската комора на Косово.
Јубилејот одбележан со доделување награди и признанија на Стопанската комора на Македонија за 2015 година и претставување на дуалниот систем во средното стручно образование, како главен приоритет на Комората во 2016 година.
На свечената седница на Собранието на Стопанската комора на Македонија, по повод 94-годишнината од коморското организирање во Република Македонија, пред присутните се обрати претседателот на Комората Бранко Азески, кој го истакна задовлство што и после толку години искуство сме бренд и лидер во коморскиот систем не само во земјава туку и во регионот.
При тоа, Азески посочи дека за најоптимално извршување на коморската функција, мора да постои консензус помеѓу јавниот и приватниот сектор без кој нема економски напредок. Ни треба акција, да бараме нови пазари и од „петни жили“ да ја развиваме индустријата, - подвлече претседателот Азески.
Во рамките на свечената седницата, Стопанската комора на Македонија додели награди и други признанија за 2015 година.
Стопанската комора на Македонија, во 2015 година - Годината на конкурентноста, ја прослави 93-годишнината од своето основање, со свеченo одбележување на овој значаен јубилеј за коморското организирање во Република Македонија. По повод оваа значајна годишнина, беше организирана регионална конференција: „ПРОГРЕСИВНО И ЕФИКАСНО ОТВОРАЊЕ НА ПАЗАРОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ НА ЗЕМЈИТЕ-ПОТПИСНИЧКИ НА ЦЕФТА-ДОГОВОРОТ“.
Во одбележувањето на јубилејот земаа учество видни гости, претставници на државни органи, институции, дипломатскиот кор во Република Македонија, претставници на меѓународни институции, здруженија и партнери, гости, пријатели и поддржувачи на Стопанската комора на Македонија.
Стопанската комора на Македонија е водечка бизнис-асоцијација во Република Македонија, членка на бројни меѓународни организации и институции, соосновач на мешовити комори, деловни совети, што придонесува за што поуспешно претставување и застапување на интересите на своите членки во земјата и во странство. Воспоставувањето меѓународни контакти, учество на бројни меѓународни бизнис-форуми, саемски, едукативни, промотивни и друг вид манифестации, е во функција на поддршка на унапредувањето на деловните активности на членките на Комората.
Стопанската комора на Македонија секогаш им помага на стопанствениците и на бизнисот во земјата. Таа е горда затоа што е најстара и највлијателна деловна асоцијација во Македонија. И во услови на воспоставениот плурализам на коморското организирање на овие простори, таа го задржа приматот на Комора – лидер со 93-годишно искуство.
Стопанската комора на Македонија, на 18 февруари 2014 година, 92-та годишнина од своето основање ја одбележа со Конференција на тема: „АРБИТРАЖАTA ВО ЦЕФТА РЕГИОНОТ ВО НАСОКА НА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИОТ РАЗВОЈ“, која беше фокусирана на идентификување на состојбата во арбитражното решавање на споровите во земјите од ЦЕФТА-регионот, како и проблемите со кои се соочува секоја од арбитражните институции во овие земји во решавањето на спорови со меѓународен елемент. Притоа се направи обид за развивање на методи за унапредување на арбитражното решавање на спорови со цел да се заштитат интересите на странките во споровите со меѓународен елемент, со што се придонесе за натамошно унапредување на арбитражниот механизам на решавање на спорови.
Стопанската комора на Македонија ја одбележa 91-та годишнина од своето постоење со пригодна свеченост во Стопанската комора на Македонија (18.2.2013 година). Годинава тоа беше направено со еден скромен собир на компаниите кои во услови на криза од 2008 година до денес се одважија да пркосат на истата и со нови инвестиции во производни капацитети и нови вработувања да докажат дека македонската економија има иднина. (повеќе)
Комората, беше нагласено, во рамките на своите законски овластувања ќе придонесува и ќе ги поддржува сите оние кои ќе се определат своите активности да ги насочат кон нејзините клучни определби:
1. домашните и странските инвестиции да бидат двигател на растот;
2. да се зголеми извозот на конкурентни производи за одржлив развој;
3. приватниот сектор да стане стожер на економскиот раст и да ја апсорбира високата невработеност.
Стопанска комора на Македонија во оваа прилика им додели признанија на менаџери кои инвестирале во нови производни погони во Република Македонија периодот од 2008 година до денес. Ghjf
Стопанската комора на Северна Македонија во 2008 година започна со имплементација на барањата од меѓународниот стандард ISO 9001:2008 и истата успешно ја заокружи со сертификација на истиот.
Комората, следејќи ги новините во работењето со управување со квалитет, како институција во Република Македонија која ги препознава значењето, неопходноста и придобивките од воведениот систем за управување со квалитет, продолжи со примена и реализација на сите нови активности кои ги налага овој стандард, аплицирајќи ги во секојдневното работење. Се покажа и се потврди дека добро развиен и одржуван систем за управување со квалитет има позитивен придонес во и за остварување на целите во коморското работење, подобрувајќи ги:
• задоволството и довербата кај членките и корисниците на коморските услуги;
• вкупните резултати и способности на сите вработени во Комората;
• квалитетот на дадените коморски услуги;
• работната продуктивност;
• редуцирањето на грешките во работењето;
• рационализацијата и намалувањето на трошоците во работењето и сл.
Токму тоа помогна во настојувањето Комората да биде и да остане водечка бизнис-институција во државата, која преку професионализмот, аналитичноста и транспарентноста на сопствениот кадар и експертите со кои соработува во градењето на економските информации и анализи, успешно и квалитетно ги одржува релациите со своите членки-компании и со сите партнери како што се државните институции, другите бизнис-асоцијации, медиумите и останатите соработници во земјата и надвор од неа.
Со примената на ревизијата на стандардот, Стопанската комора на Северна Македонија стана прва комора и воопшто прва институција во Република Северна Македонија која своите оперативни процеси ги приспособи на барањата на новиот стандард ISO 9001:2015.
Најновите измени се дел од тековната еволуција на овие стандарди, а истите адресираат решавање на клучни прашања како што се: растот на услужни бизниси, широка употреба на стандарди за повеќе системи за управување во рамките на институцијата, интеграција на квалитетот во водењето на бизнисот, како и севкупно олеснување на примената на стандардите.
Овој систем кој е првично потврден од BSI (British Standards Institution), а потоа од TUV NORD, ја покажува подготвеноста на Комората да докаже како се работи во институција каде се применуваат принципите на зрел систем за управување со квалитет и каде се демонстрираат силната обврзаност и заложба на раководството и целиот тим континуирано да го подобрува коморското работење, сега и согласно новата ревизија на стандардот ISO 9001:2015, а во интерес за самата институција, за компаниите и за сите заинтересирани страни.