„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Центар за унапредување на квалитетот во производството и услугите

Центар за унапредување на квалитетот во производството и услугите

Како резултат на повеќегодишни успешни активности во областа на имплементација на системи за управување со квалитет согласно меѓународниот стандард ISO 9001, во рамките на Стопанската комора на Македонија во 2000 година е формиран Центар за унапредување на квалитет во производството и услугите.

Активностите отпочнаа како техничка помош од Владата на Велика Британија и Know How Fund, во соработка со Bywater plc. како консултантска куќа. Освен реализирање на Проектот насловен како „ Воведување ISO 9001 во македонското стопанство " во одреден број на фирми, друга бенефиција беше и обуката на консултанти и водечки проверувачи од Стопанската комора на Македонија.

Знаењето и стекнатото искуство на горенаведените експерти согласно британската методологија, овозможија успешно имплементирање на ISO 9001 стандардот во производството и услугите во изминатиот период.

Стопанската комора на Македонија, сакајќи целосно да ги комплетира активностите и со сертификација на системите за управување со квалитет, оствари контакти со реномираната сертификациона куќа BSI (British Standards Institution), која со своите експерти ја вршеше сертификацијата.

Со британските експерти активно беа вклучувани и домашните главни проверувачи, што се оцени како голема придобивка во стекнување на компетентност во таа област преку реализирање на одреден број обуки (теоретски и практични).

Центарот за квалитет не останa само на давање на горенаведените услуги.

Следејќи ги актуелните трендови насочени кон заштитата на животната средина, стандардот ISO 14001 или системот за управување со животната средина, е се позначаен и го претставува влијанието на организацијата или компанијата на и кон животната средина. Со помош на Центарот за квалитет, имплементацијата на ISO 14001 утврдува кој од работните процеси во компанијата ја загадува животната средина, ги одредува реалните цели и воведува неопходни мерки за остварување на истите.

Центарот за квалитет дава и консултации за воведување на HACCP-системи (системи за идентификација, евалуација и контрола на опасностите од значење за безбедноста на храната) применливи за прехранбената индустрија, а како сублимат на барањата од ISO 9001 и HACCP, помага во имплементација и на стандардот ISO 22000, кој укажува на еден генерален пристап во системот за управување со безбедна храна.

Во своето портфолио на услуги, го вклучи и стандардот IFS Food,  меѓународен стандард за проценка на усогласеноста на производите и процесите во однос на безбедноста и квалитетот на храната. Стандардот IFS Food се применува на добавувачите во сите фази на преработка на храна после земјоделската фаза, а го бараат големите трговски ланци на маркети во сопствениот синџир на снабдување.

Бидејќи на потрошувачите се повеќе им се важни квалитетот и безбедноста на прехранбените производи, прехранбената индустрија постави високи барања во однос на тоа. Денес во светот постојат бројни стандарди и норми со чие имплементирање и одобрување од страна на надлежните органи, се докажува квалитетот и безбедноста на производите. Едно од се поприсутните барања во прехранбената индустрија е и HALAL-стандардот кој зазема се поголем удел на меѓународно ниво. Центарот за квалитет има ресурс, овластен од страна на Агенцијата за сертифицирање на HALAL, за имплементација и на овој стандард.

Динамиката на работењето бара проактивен пристап кон заштитата на здравјето и безбедноста на вработените за време на работата, кој ќе ги идентификува евентуалните ризици, ќе ги отклони истите или со превентивното делување ќе ја  намали веројатноста за нивната појава на прифатливо ниво. Бизнис глобализацијата  носи потреба од креирање  рамка  за формирање  на  систем за заштита, кој со верификација од страна на  овластени сертификациони тела, ќе биде меѓународно прифатлив, односно ќе  прати порака  на вработените, клиентите и бизнис партнерите од други поднебја, дека во компанијата се управува со ризиците по здравје и безбедност на вработените на ефикасен и меѓународно верификуван начин.

Токму со прашањата  за ова ефективно и ефикасно управување со ризиците по здравје и безбедност на вработените, се бави стандардот  ISO 45001, кој истотака е дел од услугите што ги дава Центарот за квалитет.

Имплементирање на менаџмент системи:

   - ISO 9001
   - ISO 14001
   - ISO 22000
   - ISO 45001
   - HACCP
   - HALAL
   - IFS food

 


Контакт лице: Емилија Тодоровска
Експерт во организационата целина за развој, иновации и знаење
Телефон: ++ 389 2 3244047
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: [email protected]
Контакт центар: (02) 15015

ISO 9001

Што е ISO 9001?

ISO 9001 е најпозната меѓународна норма која поставува барања за воспоставување и одржување на системот за управување со квалитет, а е применлива  за сите видови на организации(профитни/непрофитни, производни/услужни, мали /средни/големи).

Ги опфаќа основните процеси внатре во организацијата (продажба, развој, набавка, производство/услуги, итн) обезбедувајќи дека  низ дадените активности тие процеси се водени во контролирани услови, и како такви ги задоволуваат барањата на релевантните заинтересирани страни:

• опишување на процесите
• задавање  на мерливи цели на процесите врз база на споредени податоци и информации
• мерење и мониторинг на процесите преку клучни параметри
• анализирање на податоците и известување за успешноста на процесите
• подобрување на процесите

Системот за управување со квалитетот согласно барањата на ISO 9001 денес се користи во целиот свет, а негова сертификација е општоприфатен начин за докажување на сегашните и потенцијалните партнери дека производот или услугата ќе ги задоволи неговите барања во врска со квалитетот.

Добро развиен и одржуван систем за управување со квалитетот има позитивен придонес за остварување на целите  во работењето, подобрувајќи го:

   • задоволството и довербата кај купувачите
   • вкупните резултати и способности
   • подобар квалитет на производите/услугите
   • подобра работна продуктивност
   • помал број на грешки
   • помали трошоци
   • навремена испорака и сл.

 

 

Систем за управување со квалитет

Организацијата мора да го воспостави, документира, применува и одржува системот за управување со квалитет, и континуирано да ја подобрува неговата ефикасност во согласност со барањата на овој меѓународен стандард.

Воведување систем за квалитет

Стопанската комора на Македонија, поточно Центарот за унапредување на квалитетот во производство и услуги, кој функционира во рамките на истата, работи на воведување на систем за управување со  квалитет согласно ISO 9001.

Динамичен/акционен план на активности

• Структура на подршка/ Акционен план
• Анализа на процеси и изработка на блок-дијаграми
• Програма за развој на свесност за квалитет
• Развој и изработка на документирани информации
• Интерни проверки
• Преглед на Систем за квалитет од страна на раководството
• Предоценка
• Сертификација

Потребни документирани информации

Документираните информации кои треба да се изготват за да бидат задоволени барањата од стандардот се следниве:

1.  Прирачник за квалитет
2. Процедури/дијаграми  за главни  процеси
    Процедури/дијаграми  за помошни процеси
    Процедури/дијаграми за системски процеси
3.  Работни упатства за сите критични и специфични активности кои се одвиваат во рамките на дефинираниот процес
4. Записи кои генерираат од сите дефинирани процеси, како објективен доказ за извршената активност
          4.1. Политика за квалитет
          4.2.  Генерална изјава
          4.3.  Организациона шема
          4.4.  Опсег на систем за квалитет
          4.5.  Цели за квалитет

Интерни проверки

Организацијата мора да спроведе интерни проверки во одредени временски испланирани интервали, за да потврди дека системот за управување со квалитет е воспоставен и е усогласен со планираните активности по однос на барањата од стандардот, а воедно и ефективно имплементиран и одржуван. Постои процедура за интерни проверки, која детално го дава текот на активности релевантни за овој процес:

• планирање на интерна проверка
• одредување на тим на интерни проверувачи
• преглед на документацијата
• изготвување чек листи
• известување на проверуваните
• одржување воведен состанок
• спроведување на интерна проверка
• дефинирање на наодите
• одржување на завршен состанок
• издавање на барања за корективни мерки и извештај

Корективни мерки

Организацијата треба да спроведе активности за да ги елиминира причините кои условиле појава на неусогласеност, а со цел да ја спречат нивната повторна појава-корективна мерка. Воедно, организацијата треба да одреди и такви активности кои имаат за цел да ги елиминираат и причините кои би условиле потенцијални не усогласености, а се со цел да се спречи нивното појавување. Процедурата за корективна мерка детално ги опишува сите потребни активности, релевантни за тој процес:

• прегледување на неусогласености
• одредување на причини за појава на неусогласености
• проценка на потребата од мерка која ќе спречи повторна појава на неусогласености
• одредување и имплементирање на потребна мерка
• прегледување на превземената корективна мерка


Предоценка на систем за квалитет

Предоценката на системот за управување со квалитет е завршна фаза од проектот-Воведување на систем за управување со квалитет. Околу четири до шест недели пред сертификацијата од страна на Сертификационото тело, треба да биде извршена целосна предоценка на Системот за управување со квалитет од страна на Стопанската комора на Македонија. На предоценката треба да се гледа како на вежба за "вистинската" сертификација која следи. На ова ниво не е пожелно да биде пронајдена било каква голема неусогласеност, но ќе биде од корист искуството за комуницирање со проверувачите на Сертификационото тело. Од извршената предоценка главниот проверувач изготвува извештај, врз основа на кој се превземаат  корективни мерки, ако се најдени одредени неусогласености.


Контакт лице: Емилија Тодоровска
Експерт во организационата целина за развој, иновации и знаење
Телефон: ++ 389 2 3244047
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: [email protected]
Контакт центар: (02) 15015

ISO 14001

Што е ISO 14001?

ISO 14001 е меѓународна доброволна норма/стандард за систем за управување со животната средина, која ги задоволува потребите на различни организации низ цел свет, обезбедувајќи им при тоа заедничка рамка за решавање на проблемите врзани со заштита на животната средина.

Стандардот овозможува подобрување во управувањето со животната средина, што од своја страна може да ја олесни трговијата и низ целиот свет да ја унапреди и подигне на повисоко ниво, заштитата на околината.

Клучни принципи на ISO 14001

• треба да резултираат со подобрување во управувањето со животната средина
• треба да бидат применливи во сите држави
• треба да побудуваат широк интерес кај јавноста и корисниците на нормите/стандардите
• треба да бидат фнансиски исплатливи и флексибилни како би ги задоволиле различните потреби на
 сите видови на организации низ целиот свет
• треба да бидат прикладни за внатрешна и надворешна верификација
• треба да бидат научно поткрепени
• и пред се, треба да бидат практични, корисни и употребливи

Систем за управување со животна средина

Системот за управување со животна средина (EMS) претставува систематски пристап на третирање на прашањата од животна средина во било која организација.Тоа е алат кој овозможува организација од било која дејност и величина да има увид во влијанието на своите активности, на производите или дадените услуги врз животната околина.

Кој е бенефитот од имплементиран систем за управување со животна средина

• уверување на купувачите дека организацијата е докажано  посветена на управување со животната
 средина
• орджување на добри односи со јавноста и локалната заедница
• задоволување на критериумите на инвеститорите и подобрување на достапноста на капиталот
• добивање на услуги за осигурување по разумна цена
• подобрување на “имиџот” и уделот на пазарот
• задоволување на критериумите на сертификационите тела
• намалување на инцидентите кои резултираат со одговорност
• подобрување на контролата на трошоците
• покажување  разумна грижа за состојбата на животната средина
• сочувување на сировините и енергијата
• олеснувања за добивање на дозволи и овластувања
• потикнување на развојот и доделување на решение за заштита и унапредување на животната средина
• подобрување на односите помеѓу индустријата и државната управа

Политика за животната средина

Политиката за животната средина и барањата за обврзаност кон таа политика по пат на долгорочни и краткорочни цели и програма за заштита на околината опфаќа:

Планирање
Планирање подразбира анализа на сите облици на влијание на организацијата врз животната средина (вклучувајќи процеси, производи и услуги)
Имплементација и извршување
Имплементацијата и организирањето на процесите се прави поради контрола и унапредување на оперативните активности кои се критични од аспект на влијанието врз животната средина (вклучувајќи и производи и
услуги на таа организација).
Проверка и корективни акции
Проверката и корективните акции вклучуваат надгледување, мерење и запишување на карактеристики и активности кои можат да имаат значајно влијание врз животната средина.
Преглед од страна на раководството
Раководството го врши прегледот на системот за управување со животната средина на организацијата како би се уверило во неговата континуирана стабилност, примерност и одговорност.
Континуирано унапредување
Концептот на континуирано унапредување е клучна компонента на системот за управување со животната средина. Тој го заокружува цикличниот процес на планирање , имплементирање , проверка , преглед и континуирано подобрување.

Барањата од ISO 14001 серијата спаѓаат во две главни групи: оние усмерени кон организацијата и оние усмерени кон производите. Барањата усмерени кон организацијата обезбедуваат воспоставување, одржување и проценка на системот за управување со животната средина. Воспоставуваат врска и со останатите системи и функции во организацијата во однос на животната средина. Барањата усмерени кон производите пак, се однесуваат на одредување на влијанието на производите и услугите врз животната средина  во текот на нивниот животен век/циклус, означувајќи и декларирајќи го производот и неговата прилагоденост кон животната средина.Тие барања ќе и помогнат на организацијата во прибирање на информации потребни за поддршка на планирањето и донесување на одлуки ,а исто така во колку се специфични за прашањата од областа на заштита на животната средина, за доставување на купувачите и на други заинтересирани страни.

Што бара ISO 14001 од организацијата

1. Воспоставување соодветни прописи и регулативи во врска со заштита на животната средина
2. Применливост на усвоените прописи во нејзините рамки
3. Обезбедување идеална структура на управување која би овозможила да дозволите, лиценците, овластувањата и сл., бидат ставени на едно место и успешно применувани во работните активности


Контакт лице: Емилија Тодоровска
Експерт во организационата целина за развој, иновации и знаење
Телефон: ++ 389 2 3244047
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: [email protected]
Контакт центар: (02) 15015

ISO 22000

Што е ISO 22000?

ISO 22000 е стандард кој ги опишува барањата за функционирање на делотворен систем за управување со безбедноста на храната (FSMS-food safety management system) кој во себе ја интегрира употребата на техниките на Анализата на опасности и Критични контролни точки (HACCP-Hazard analysis and Cricical control point), дефинираните предуслови за безбедно производство на храна и комуникација со заинтересираните страни, со потенцирање на процесен пристап, заснован на дефинирани ризици и можности.

На кого се однесува  стандардот
Сите претпријатија непосредно или посредно опфатени во синџирот на храната -од производителите на храна и сточна храна, производителите на опрема, преработувачите и дистрибутерите на мало и големо.

Цел на стандардот
Да се ускладат на глобално ниво барањата за управување со храната во прехрамбената индустрија и индустриите поврзани со неа.
Званично да се утврдат елементите кои сочинуваат еден систем за управување со безбедноста на храната.

Клучни елементи на стандардот

- Интерактивна комуникација
- Системско управување
- Програми на предуслови/предподготвителни програми
- HACCP принципи

Осмислен е за да им помогне на претпријатијата да ги контролираат  опасностите по безбедноста на храната, за да се осигураат  дека истата за време на конзумирање е безбедна.
 
Бенефит од воведен стандард

- Оптимизација на ресурси (интерно и низ целиот ланец на исхрана)
- Поефикасна и динамична безбедност на храната и контрола на опасности
- Сите контролни мерки се насочени кон анализа на опасностите
- Подобро планирање, помалку после процесни верификации
- Подобрена документација
- Систематично управување со предподготвителните програми
- Контролата е насочена кон она што е неопходно
- Широка примена, бидејќи е фокусиран кон крајниот производ
- Валидна основа за превземање одлуки
- Зголемена одговорност
- Динамична комуникација во однос на прашања поврзани со храната со    
  добавувачите, купувачите (консументите), регулаторните тела и други
  заинтересирани страни
- Оптимизација на ресурси (интерно и низ целиот ланец на исхрана)
- Поефикасна и динамична безбедност на храната и контрола на опасности
- Сите контролни мерки се насочени кон анализа на опасностите
- Систематски и проактивен пристап кон идентификацијата на опасностите по
  однос на безбедноста на храната, како и развој и имплементација на
  контроли
- Зголемена доверба кон  организациите кои го имаат имплементирано овој
  стандард во смисол на нивна способност за идентификација и контрола на
  опасностите
- Креира референца за целиот ланец на исхрана
- Допринесува подобро разбирање и иден развој на Кодексот за HACCP
- Има повеќе системски пристап, а не производен
- Ги пополнува празнините помеѓу ISO 9001  и HACCP
- Создава рамка за третостепена сертификација
- Претставува стандард лесно проверлив со јасни барања
- Одговара на регулаторите
- Претставува основа за хармонизација на националните стандарди


Контакт лице: Емилија Тодоровска
Експерт во организационата целина за развој, иновации и знаење
Телефон: ++ 389 2 3244047
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: [email protected]
Контакт центар: (02) 15015

ISO 45001

Што е  ISO 45001?

Во услови на  вртоглавите пазарни промени, настанати пред се  поради брзиот развој на новите технологии,  know how  организацијата  претставува највреден ресурс (по истражување  спроведено од  страна  на Forbs магазинот, 85 % од вредноста на компанијата BMW не ја сочинува опремата и зградите, туку нивниот бренд и know how). Како клучен елемент  на секој know how, луѓето се денес  највредниот ресурс на компаниите. Заштитата  на овој највреден ресурс  е императив за секоја компанија , а посебно неговата  заштита од аспект на здравјето и безбедноста на  работното место.

Динамиката на работењето бара проактивен пристап кон заштитата на здравјето и безбедноста на вработените за време на работата, кој ќе ги идентификува евентуалните ризици, ќе ги отклони истите или со превентивното делување, ќе ја  намали веројатноста за нивната појава на прифатливо ниво. Бизнис глобализацијата  носи потреба од креирање  рамка  за формирање  на  систем за заштита, кој со верификација од страна на  овластени сертификациони тела, ќе биде меѓународно прифатлив, односно ќе  прати порака  на вработените, клиентите и бизнис партнерите од други поднебја, дека во компанијата се управува со ризиците по здравје и безбедност на вработените на ефикасен и меѓународно верификуван начин.

Токму со прашањата  за ова ефективно и ефикасно управување со ризиците по здравје и безбедност на вработените & заинтересираните страни, се бави стандардот  ISO 45001.

ISO 45001:2018 е систем за управување со безбедноста и здравјето при работа. Помага во управувањето со ризиците кои имаат влијание врз здравјето и безбедноста на вработените и посетителите (заинтересирани страни). Овој стандард ја  дефинира организационата  структура, планирањето на активности,  одговорностите, практиките, процедурите и ресурсите за развој, спроведувањето, остварувањето, разгледувањето и одржувањето на политиката на заштита на здравјето и безбедноста при работа.

Значење на ISO 45001

Со имплементацијата на овој стандард, компанијата се здобива  со доверба  на заинтересираните страни,  уверувајќи ги дека раководството   ги исполнува  барањата на политиката на безбедност и здравје при работа,  го става  акцентот на превентивното, а не на корективното делување, обезбедувајќи при тоа  докази кои се однесуваат на OHS&S низ целата организација,  а не само на процесите за кои постојат  законски обврски  или пак се зони на големи ризици. Посебно е важно уверувањето дека   концептот на OHS&S вклучува процес на континуирано подобрување.

ISO 45001 обезбедува заштита на вработените, овозможува систематски пристап кон идентификацијата на опасностите и преку управувањето  со ризиците придонесува за поздрава и посигурна работна средина, ги намалува несреќите и здравствените проблеми на работа, како и загубите предизвикани од болести и повреди на вработените. Овака транспарентен  и ефикасен систем за управување со  безбедноста и здравјето при работа, ја помага комуникацијата и соработката  со релевантни инспекции.

На  секое  работно место постојат одредени опасности/ризици по здравјето и безбедноста  на вработените.  Затоа е потребно систематски да се  следат и да се елиминираат сите потенцијални опасности/ризици.  Покрај тоа, надоместокот  во случај на повреди или болести предизвикани од несаканите  условите за/на работа,  се  големи и можат  финансиски  да ја оптеретат  компанијата.

/Upload/Images/ISO-45001.jpg

Бенефит од воведен ISO 45001

Придобивките од имплементацијата  на ISO 45001  се:
      • ги  минимизира или целосно елиминира повредите на  работното место
      • обезбедува заштита од повреди на  вработените и посетителите
      • придонесува  за  подготвеноста  на компаниите  навремено  да ја отстранат заканата
      • ги ускладува  работните процеси на компанијата со  законот
      • ја подобрува целокупната слика за компанијата
      • овозможува привлекување на странски инвеститори
      • дава предност на локалните и меѓународните пазари
      • ги  намалува  трошоците  на компанијата
      • ги убедува  корисниците / клиентите  за посветеноста  во  управување со здравјето и  безбедноста, која  може да се докаже

Воведување/имплементација  на ISO 45001

Основа на овој систем е безбедноста на вработените на работното место,  која  се постигнува преку следниве чекори:
       - утврдувањe на исполнетоста на законската регулатива
       - одредување на контекстот на организација и дефинирање на интересите на заинтересираните страни
       - воспоставување  на политика и  цели за  OH&S
       - управување со ризици и можности
       - одредување на лидерските принципи
       - воспоставување комуникација
       - планирање, развивање и спроведување на системот за заштита  на здравјето на вработените
       - евалуација/ контрола/подобрување на OH&S

Имплементацијата  и сертификацијата  на  ISO 45001, ја  штити компанијата  од несакани трошоци, овозможува подобри договори со осигурителните компании, подобрување на односите со владата, ја  зголемува  продуктивноста на работниците преку  намалување на несреќите, а со самото тоа и  должината на боледувањето.

За време на сертификацијата, посебно внимание се посветува на определувањето на степенот на опасност на работното место и  воспоставувањето  заштитни мерки со цел негово  намалување или елиминирање.

За успешно функционирање на ISO 45001, а на тој начин и на  сертификацијата,  многу е  важна информираноста на  вработените за опасностите, нивното познавање за  заштитните  мерки и давањето прва помош. Компаниите  кои размислуваат однапред,  гледаат  подалеку од усогласувањето со  законската регулатива и завземаат  проактивен пристап во  идентификувањето, проценката, контролата и намалување на ризиците.


Контакт лице: Емилија Тодоровска
Експерт во организационата целина за развој, иновации и знаење
Телефон: ++ 389 2 3244047
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: [email protected]
Контакт центар: (02) 15015

HACCP

Што е HACCP систем за анализа на ризици и критични контролни точки?

HACCP е превентивен, логичен, научно заснован систем на контрола  на процесите за производство, дистрибуција , складирање , продажба и припрема на храна со кој се овозможува:
• идентификација  и проценка на сите опасности  кои можат да го контаминираат прехранбениот производ при неговото производсво и манипулација  со  физички, хемиски или биолошки опасности
• одредување на корективни/превентивни  мерки и контрола
• успешно спроведување на тие мерки на практичен начин

Каде се применува HACCP

HACCP  системот е прилагоден за сите видови на прехрамбени производи и сите фази на производство и ракување со храна - од фарма до трпеза- (производство, преработка, пакување, складирање, припрема на храна –угостителски објекти, транспорт, продажба).

Значење/содржина на HACCP

HACCP има големо значење за производителите на храна во однос на потрошувачите. 

Со негово имплементирање се обезбедува производство и промет на здравствено  безбедна храна.

Одговорноста на сите учесници во синџирот на исхрана - од фарма до трпеза - се дефинирани со опсегот на кој се однесува нивното работење.

За секој клиент се разработува  во однос  на условите на работењето, намената на производот, ресурсите , практиките кои се спроведуваат и  опфаќа документирање на  барања, прилагодени во однос  на местоположбата на фирмата во ланецот за исхрана и обемот :

• Одговорности (политика, обем, цели, надлежности, ресурси, оцена на управување)
• Претподготвителна програма(примарно производство, план и капацитети, контрола на работење, одржување и санитарна заштита,  лична хигиена, транспорт, информации за производот и свест на потрошувачите, обука)
• Информации за производот(карактеристики, предвидена намена )
• Информации за процесот (опис, дијаграм на тек,проект и контрола и верификација на   информациите од процесот)
• Анализа на опасности (препознавање на опасности, HACCP анализа)
• Контролни мерки (посебни и општи)
• Параметри и критични граници (целни вредност,граници на делување)
• Надгледување
• Мерење
• Корективни мерки
• Верификација
• Валидација


Контакт лице: Емилија Тодоровска
Експерт во организационата целина за развој, иновации и знаење
Телефон: ++ 389 2 3244047
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: [email protected]
Контакт центар: (02) 15015

ХАЛАЛ

ХАЛАЛ-термини

• ХАЛАЛ е арапски термин кој значи “ ДОЗВОЛЕНО”!
• ХАЛАЛ храна е храна, која ги вклучува и пијалоците дозволени за конзумирање во согласност со исламските принципи, а која подразбира  одреден начин на одгледување, начин на припрема и начин на јадење;
• ХАЛАЛ квалитет е збир на карактеристики на производите или услугите, кои се во согласност со исламските принципи и кои исполнуваат вредности/атрибути на квалитет и како такви се допуштени на муслиманите за користење и конзумирање;
• ИСЛАМСКИ ПРАВИЛА/ПРИНЦИПИ-Шеријатски прописи се правни норми кои се содржани во Куранот, света книга на муслиманите, и праксата Сунннет, која  го опишува животот и делото на Мухамед;
• ХАЛАЛ  производ е производ кој е дозволен  согласно исламските принципи;
• ХАРАМ производ е производ  кој не е дозволен  согласно исламските принципи. Забранет е  алхохол и негови деривати; свинско месо, месо од месождери, змии, кучиња, мајмуни; овошје кое е ферментирано до момент на  создавање алхохол;
• МЕШБУХ, производ кој е сомнителен согласно исламските принципи;
• ЗАБИХА, животно заклано согласно исламските правила;
• ТЕСМИЈА, изговарање на  зборовите “Бисмилахи Алаху Екбер”, пред да се изврши чинот на колење на животното;
• ЏИЛАЛА, нечистотии (како измет) кои може да доспеат  во храната за животни;

Барања за ХАЛАЛ храна
Потекло на храната-храна од животинско потекло
• Халал животни: домашни животни, како говеда, бикови, овци,кози, деви, кокошки, гуски, патки и мисирки; риби со крлушти,шкампи, јајца од риби и нивни производи; животни неграбливци како елен, антилопа, диви говеда;птици неграбливки како голуб,врабец,препелица, фазан, ној идр.
• Не Халал животни : свињи, кучиња, животни кои не се заклани во името на Алах; животни кои не се заклани во согласност со исламските правила; умрени животни; животни со долги истакнати заби или кљови, кои се користат за убивање на плен или во самоодбрана, како што се мечки, слонови, мајмуни, волци, тигрови, пантери, шакали, лисици, верверици, куни, ласици, кртици, крокодили, алигатори; птици грабливки со ости канџи, како јастреб, сокол, орел, гавран, чавка, сова; штетни и отровни животни  како штакори, стоногалки, шкорпиони, змии, оси, глувци; магариња и мулиња; животни кои се сметаат за одбивни како што се гуштери, полжави, кукци и нивни ларви; животни  кои согласно исламските принципи е забрането да се убиваат, а тоа се пчели, клукајдрвци и мравки; било кој состав кој потекнува од животни кои не се  халал; халал животни кои се хранат со не халал храна; сите опасни  и отровни водени животни кои се штетни по здравје; сите водоземци;

Крв и други состојци од човечко или животинско потекло
• Сите видови на крв и производи од крв не се халал; било кои состојки кои се дел од човечко тело или се продукт на екскреција на човек или животно, како урина, постелка, измет,повраќаница, гној, сперма, јајни клетки  и др. не се халал;
Потекло на храната-храна од растително потекло
• Растенијата  и нивните производи се халал, со исклучок на отровни и штетни билки, освен ако отровниот и штетен материјал се отстрани;

Правила за халал колење
1.Барања за животни  наменети за колење
2.Барања за лица кои го извршуваат чинот на колење
3.Барања за алатите и приборот за колење
4.Барања за местото на колење
5.Барања за постапките  пред колење на животното
6.Барања за постапките при колење на ситен и крупен добиток
7.Барања за колење на пернати животни
8.Барања за колење на останати животни

Правила за :
1.Месо и месни производи
2.Млеко и млечни производи
3.Јајца и производи од јајца
4.Житарици, масла и масти,овошје и зарзават, шеќер и кондиторски производи
5.Пијалоци
6.Мед и производи од мед
7.Додатоци во храната
8.Генетски модифицирана храна
9.Прехрамбени адитиви
10.Ензими
11.Микроорганизми
12.Амбалажа

Правила за :
13.Останати производи
14.Сервирање на храна и услужни објекти
15.Преориентирање на погоните и средствата за  халал  производство

Додатни барања:
Халал производот бара покрај точно дефинирани суровини и услови за колење на животното и соодветна преработка, подготовка, пакување, етикетирање, складирање и транспорт.Тоа првенствено подразбира  забрането користење на апарати кои не ги задоволуваат барањата за  халал производи, забрането користење  хигиенски и други средства  кои се по потекло или се во контакт со недозволени харам производи;

Додатни барања:
• Во одредени услови кога не е возможно во потполност да се одвои производството на халал производи од производи кои не се халал, се дозволува употреба на одвоени производни линии и одвоено складирање во ист простор, со услов да се превземат сите потребни мерки како би се спречил нивен меѓусебен контакт;
• Во специјални случаеви дозволено е процесите на преработка, подготовка, скалдирање и транспорт на халал производите да се вршат во простории и апарати кои претходно биле употребувани за  храна која не ги задоволува халал барањата,  со услов да пред нивната употреба темелно се исчистат на соодветен начин. Препораките за чистење и дозвола за користење на апаратите и просториите може да ги издаде единствено Агенцијата за сертификација на халал квалитет, по претходно извршен увид;

Етикетирање:
•  Халал производот мора да биде етикетиран  во согласност со   важечката легислатива ( правилници), а може да биде означен   со додатна ознака “ халал ”;
• За халал производите во текот на етикетирањето, се користи  посебен заштитен знак, кој е во сопственост на меродавните  верски институции;
• Одобрение  за употреба н и користење на овој знак, дава  Агенцијата за сертифицирање на Халал квалитет;

ХАЛАЛ систем, имплементација, сертификација
• ХАЛАЛ   систем е систем за утврдувње на политиката  и обврзаноста кон истата, а која гарантира ХАЛАЛ производ;
• Управување со ХАЛАЛ производи подразбира координирани активности за насочување и контрола на организацијата во прехрамбениот ланец на ХАЛАЛ производи;
• Имплементацијата на овој систем се реализира во неколку  фази;

Имплементација на ХАЛАЛ систем
1. Детална анализа на организацијата по воспоставени процеси  (моментална состојба, носители на процеси, одговорности и   овластувања)
2. Изработка на оперативен план за имплементација на ХАЛАЛ барањата
3. Обука на клучните лица по процеси
4. Реализација на оперативниот план
5. Изработка на системска документација
6. Подготовка за интерни проверки
7. Реализација на интерни проверки
8. Преглед од раководството
9. Превземање корективни и превентивни мерки во случај на пројавени неусогласености  во системот
10. Подготовка за сертификациска проверка (екстерна)

Пирамида на  документација за  ХАЛЛАЛ
Прирачник, политика за ХАЛАЛ квалитет и цели
Процедури
Работни упатства и контролни упатства

Потребна документација за ХАЛАЛ
1. Прирачник за ХАЛАЛ квалитет
2. Процедури
3. Работни и контролни упатства
4. Записи

Заклучок:
Имплементацијата на ХАЛАЛ стандардот е софистициран и опсежен процес кој бара:
• перманентна едукација,
• стален ангажман во одржување на системот и
• континуирана работа  за подобрување на системот!!!!

Сертификација на  ХАЛАЛ
• Постапката за сертификација на халал квалитет се одвива по процедура која ја утврдува Агенцијата за сертификација на ХАЛАЛ квалитет;
• За да се добие ХАЛАЛ сертификат, потребно е да се воспостави ХрАЦЦП систем (харам критични контролни точки), што претставува анализа на додатни ризици и чекори на кои мора да биде применета и документирана контролата , како би се спречила  или елиминирала можноста  на “ охарамување” на халал производот.Тоа истовремено подразбира и ангажирање на органот за надзор или сертификационото тело, кое Агенцијата за сертификација за халал квалитет го овластила или именувала да ги утврдува, верифицира и проверува производите кои ги исполнуваат барањата за халал квалитет;
• Халал производот мора да биде во согласност  со важечката легислатива од областа на безбедност на храната, како и со барањата на овој стандард;
• Се препорачува организацијата  претходно да има воспоставено ХАЦЦП систем или стандард од типот на ИСО 22000 и ИСО 9001;

Бенефит од   ХАЛАЛ
• Глобална тема во преработувачката индустрија е производство на функционална, етничка, етичка и гурманска храна;
• Зголемување на пласманот на прехрамбените производи на пазарите кои бараат халал храна;
• ХАЛАЛ пазарот е најбрзо растечки пазар ( се предвидува раст од 50 % на годишно ниво), со промет од 850 милијарди УСД;
• Постоење меѓусебни договори за олеснување на трговската размена на ХАЛАЛ производи;
• Зголемување на нивото на свесност за безбедна храна;

Успешност на ХАЛАЛ 
• За успешна имплементација на ХАЛАЛ, менаџерот мора да биде силно обврзан кон ХАЛАЛ концептот;
• Успехот на ХАЛАЛ системот зависи  и од образованието и обуката на вработените. Многу е важно да се разбере како функционира овој систем, а потоа да се научат вештини кои им се потребни за успешно извршување на работите и соодветните процедури и работни упатства кои го содржат описот на работата која треба да ја завршат;


Контакт лице: Емилија Тодоровска
Експерт во организационата целина за развој, иновации и знаење
Телефон: ++ 389 2 3244047
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: [email protected]
Контакт центар: (02) 15015

International Featured Standard (IFS) Food

Кој е стандардот за храна IFS?

IFS Food е меѓународен стандард за проценка на усогласеноста на производите и процесите во однос на безбедноста и квалитетот на храната. Стандардот IFS Food се применува на добавувачите во сите фази на преработка на храна после земјоделската фаза.  

IFS храната ги исполнува критериумите на Глобалната иницијатива за безбедност на храната – GFSI (Global Food Safety Initiative), формирана со цел да го унапреди системот за безбедност на храна преку хармонизација на постоечките стандарди во подрачјето на храната, со препораките на производителите и потрошувачите. Со други зборови, GFSI воспостави зеднички хармонизиран пристап, согласно кој  сертификационите тела  преку своите активности на претставниците од прехрамбениот сектор им обезбедуваат принцип добро познат од некои други подрачја на оценување на усогласеностите, а тоа е “еднаш сертифициран, прифатен насекаде”.

Главната причина за ваквата иницијатива беше фактот што во времето на формирањето на GFSI, речиси секој производител или малопродажен синџир бараше нивните добавувачи да бидат сертифицирани според стандардот за безбедност на храна што тие го претпочитаа. Резултатот беше состојба во која  добавувачите мораа да бидат сертифицирани многу пати, според содржината, по многу слични, но во суштина идентични стандарди за потврдување на безбедноста и квалитетот на прехранбените производи и производните процеси.

Од горенаведеното произлегоа  главните цели на GFSI:

  • Отстранување на повторувањето  и подобрување на оперативната  ефикасност во глобалниот систем на храна
  • Дефинирање севкупен и ефикасен глобален систем за безбедност на  храната
  • Одредување еквиваленции и овозможување на конвергенција/сличност на системите за управување со безбедноста на храната, со цел да се намали ризикот од крајните корисници

Листата  за  проценка по овој стандард е усогласена со барањата за бенчмаркинг на GFSI, FSMA и регулативите на EU. Барањата се поврзани со системот за управување со квалитет - QMS, системот HACCP (Анализа на опасност & Критични контролни точки) и детални предусловни програми вклучувајќи GMP (Добра производна практика), GLP (Добра лабораториска пракса) GHP (Добра хигиенска практика). Исто така, вклучува и барања поврзани со развојот на позитивна култура за безбедност на храната.Трговците на мало, како и производителите на храна бараат IFS сертификат за храна од добавувачите кои се вклучени во нивниот синџир на снабдувањe.

Историјат на IFS стандарди

  • Германската федерација за малопродажба - Handelsverband Deutschland (HDE) - и нејзиниот француски колега, Federation des Entreprises du Commerce et de la Distribution (FCD), развија заеднички стандард за безбедност и квалитет на храната во 2003 година за да им се овозможи на добавувачите на храна да се проценат.
  • Проценката обезбеди единствен пристап до добавувачите на храна. Ова беше првата варијанта на IFS Food Standard, наменета да ги потврди  добавувачите кои произведуваат прехрамбени производи со приватна етикета за малопродажба.
  • IFS Management GmbH е кратенка за Меѓународно  истакнати стандарди и е во сопственост на FCD и HDE. Вклучува пакет глобални стандарди и програми за  безбедност и квалитет кои обезбедуваат  транспарентност и споредливост долж целиот синџир на снабдување, после фарма/примарно производство.
  • Стандардите на IFS се применливи за различни операции и активности во прехрамбениот и непрехрамбениот сектор. Сите стандарди на IFS следат пристап заснован на ризик, кој им дава на корисниците флексибилност да ги имплементираат барањата во нивниот  бизнис врз основа на специфичните ризици на производи и процеси.

Цел, Мисија и Визија на IFS стандарди

  • Целта на IFS сертификацијата за храна е да се процени дали активностите за преработка на/кај производителот се способни да произведуваат производи кои се безбедни, легални и во согласност со спецификациите на клиентите. Затоа безбедноста и квалитетот на производот се суштински компоненти на сите IFS стандарди.
  • Проценката на IFS е фокусирана на производи и процеси и гарантира дека развојот на производи со висок квалитет е обезбеден преку соодветни функционални процеси.
  • Стандардите на IFS се единствени глобални стандарди за безбедност и квалитет кои обезбедуваат транспарентност и споредливост долж целиот синџир на снабдување после фарма.
  • На овој начин, IFS настојува да одговори на сите предизвици на глобализацијата, покрај постојано растечкото значење на приватните етикети за кои се одговорни трговците на мало.
  • IFS сертификацијата ги намалува трошоците за долги повторливи ревизии и дополнително го поддржува управувањето со компанијата преку униформни извештаи и модерна, приспособена база на податоци.
  • Мисијата на IFS јасно наведува дека стандардите на IFS ја надминуваат безбедноста на производот со цел „ да се испорачаат сигурни производи “ кои ги исполнуваат очекувањата на компанијата/клиентот што купува.
  • Со цел IFS сертификатот да покаже дека компанијата има имплементирано функционален систем за управување со безбедност и квалитет на храната, IFS заедно со својата огромна мрежа, континуирано го зголемува и оптимизира своето портфолио на стандарди, протоколи за проценка и придружни алатки и документи.
  • Затоа, IFS го дефинираше „Обезбедување сигурни стандарди и услуги за соработка во рамките на синџирот на снабдување за подобрување на интегритетот на производот“ како своја цел за денес и за иднината.
  • Континуираното подобрување не е само цел на сертифицираните стандарди на компанијата; тоа е исто така применливо за IFS.

Придобивки од добивање на сертифициран систем по IFS

Поседувањето заеднички стандард и единствен начин за оценување/проценка  на нивото на квалитет на добавувачите, ја намалува потребата за ревизии од втора страна. За трговците на мало, производителите и добавувачите, управувањето со синџирот на снабдување станува поконзистентно и поефикасно. Ги намалува вкупните трошоци на процесот и го зголемува нивото на безбедност за клиентите, добавувачите и потрошувачите Стандардот и овозможува на  организацијата да обезбеди докази за посветеност и во случај на инцидент за безбедност на храната, правна одбрана во рамките на концептот на длабинска анализа.


Контакт лице: Емилија Тодоровска
Експерт во организационата целина за развој, иновации и знаење
Телефон: ++ 389 2 3244047
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: [email protected]
Контакт центар: (02) 15015