„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Македонската асоцијација на рударството - МАР

Македонската асоцијација на рударството – МАР е формирана со цел да ги обедини компаниите кои вршат геолошки истражувања, експлоатација и преработка на минерални суровини во Република Македонија.

МАР се залага за претставувањето и заштита на интересите на своите членки пред институциите на национално и европско ниво, зголемување на конкурентноста на рударските деловни субјекти, унапредување на правната рамка од областа на минералните суровини, како и проширување на соработка и со домашни и странски асоцијации, во насока на остварување динамичен и стабилен стопански раст на подог период.

Претседател на МАР е г-дин Ивица Талевски, САСА - Македонска каменица.

Почесен претседател на МАР е г-дин Николајчо Николов, БУЧИМ - Радовиш.

Организацијата и начинот на работа на МАР се уредени со:

⮞ Ивица Талевски,  Претседател, САСА, Македонска Каменица

Минералните суровини се од големо значење за економскиот, технолошкиот и општествениот развој.  Тие се неопходни за одвивање на производствените процеси и добивање на крајните производи во повеќе индустриски гранки (металургија, метална и електроиндустрија, градежништво, енергетика, сообраќај). 

Рударството како економска дејност ја опфаќа експлоатацијата, односно вадењето на минералите (рудите) кои во природата се јавуваат во цврста, течна или гасовита состојба и подготовката на суровите необработени материјали за продажба (кршење, дробење, сортирање, концентрирање на руди). 

Рударството во нашата држава има традиција уште од средниот век, a поголемиот развој започнува по Првата светска војна со рудниците за олово и цинк „Злетово“ и за хром „Радуша“. Денес постојат повеќе рудници за металични и неметалични минерални суровини со подземна и површинска експлоатација, а рударството учествува со околу 2 % во создавање на додадената вредност во Бруто-домашниот производ (БДП) и околу 3,5 % во вкупниот извоз остварен од земјата. 

Секторот рударство и вадење на камен според последните статистички податоци опфаќа 0,3 % од вкупниот број на активни деловни субјекти во државата или 198 компании. Најголемо учество во структурата или 65,1 % имаат микро компаниите со 1-9 вработени, додека најмало учество со 2% имаат големите компании со над 250 вработени. 

Бројот на вработени во овој сектор изнесува 7.360 лица, додека просечната исплатена нето - плата по вработен изнесува 44.310 денари.  


Контакт лице: Билјана Пеева-Ѓуриќ

Телефон: ++ 389 2 3244034, M. 072 236 710
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: [email protected]
Контакт центар: (02) 15015