„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
Општи информации за Регионалната комора со седиште во Охрид
Со децентрализацијата на коморските активности со цел обезбедување поефикасни и побрзи услуги за компаниите од одделните региони во Република Македонија, од Декември 2011 година започна со работа Регионалната канцеларија со седиште во Охрид.
Голем број од услугите кои ги нуди Стопанската комора на Македонија сега им се достапни на компаниите од Општините Охрид, Струга и Дебрца на само чекор од нив. Регионалната комора во Охрид е согласно Правилникот за работа задолжена е за следниве активности:
- Издавање на сертификати за потекло на стоката Certificate of Origin и Сертификат за преференцијален третман Form A;
- да организира и подготвува различни облици на обуки (семинари, работилници исл.) за потребите на членките на Комората и други заинтересирани субјекти;
- да ги информира членките и другите фирми за обуките кои ќе се одржатво организација на Стопанската комора на Македонија;
- да ги следи актуелните состојби на работење и потреби на членките наКомората и другите субјекти, со цел за предлагање на обуки на актуeлни теми;
- во соработка со општина Охрид реализација на конкретните активности согласноцелите на Проектот Регионален Инфо-пулт за поддршка на бизнисот воопштина Охрид, со цел зајакнување на малите и средни претпријатија, согласноцелите на проектот;
- да подготвува информации, анализи, предлози на акти и други документи одинтерес за стопанството од регионот за кој е организирана Регионалната комора;
- да ги следи тековните стопански движења и условите на стопанисувањето,обработува информациони податоци и предлага мерки за подобрување на условите застопанисување за регионот;
- да дава предлози за покренување иницијативи за донесување или изменување назаконски и други прописи од интерес за стопанството од регионот;
- да остварува редовни контакти со фирмите од регионот, особоено вофункција на давање соодветна стручна и друга помош;
- го организира или посредува во воспоставувањето контакти меѓу членките на Комората.
На Седницата одржана на 13.02.2015 година во Охрид, на која присуствуваа членките на Регионалната комора со седиште во Охрид, за претседател беше избрана Наташа Јовческа, како претставник од компанијата „ЛТХ Леарница“ од Охрид. Номинацијата на г-ѓа Јовческа беше поддржана од сите присутни претставници на седницата. Согласно Правилата за организација и начинот на работа на Регионалната комора, како заменици на претседателот избрани се Тони Коталески, директор на ЈП „Градски Пазар“ Охрид, и Марија Филева Стоев, сопственик на „БВЦ“ дооел Охрид. Со поддршката на членките и раководството, Регионалната комора со седиште во Охрид на регионално ниво ги интензивира активностите кои се од интерес на копманиите со цел подобрување на бизнис климата во регионот.
⮞ Наташа Јовческа, Претседател, ЛТХ ЛЕАРНИЦА, Охрид
⮞ Кристина Крлеска Деспотоска, Заменик претседател, ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР - Охрид, Охрид
⮞ Марија Филева Стоев, Заменик претседател, БВЦ, Охрид
ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ ЗА ОПШТИНА ОХРИД
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Општината Охрид се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија и елоцирана на североисточниот брег на Охридското Езеро на надморска височина од695 м. Зафаќа површина од 384 км2 со вкупно 28 населени местa и население од55.749 жители (попис 2002година).
ИСТОРИЈАТ НА ЗАЕДНИЦАТА
Охрид е "жив" град две илјади и четиристотини години, легитименнаследник на светлиот Лихнид, град со вткаени дострели на силната античкацивилизација, Охрид е всушност културната историја на Република Македонија вомало. Како епископски центар во античките времиња, а подоцна и преку надалекупрочуената Охридска архиепископија низ вековите, градот ја претставува,истотака, целокупната црковна историја на Макединија, и затоа не случајно го носиепитетот "балкански Ерусалим". Во овој град бил лоциран, прекудејноста на Св. Климент Охридски и Првиот сeсловенски универзитет во Европа.Охрид бил и најзначајната официјална престолнина на првата Македонско-словенска држава, поточно на Самуиловото царство. Охрид е преродбеничко жариштена Македонија во XIX век. Тој и денес е културен, духовен и туристички центарна Македонија, и на крај, како круна на вредностите, Охрид и Охридското Езеросе светско културно и природно богатство под заштита на УНЕСКО од 1980 година.
НАСЕЛЕНИЕ - ДЕМОГРАФСКИ ПОДАТОЦИ
Вкупниотброј на жители во општина Охрид изнесува 55.749.
Бројотна домаќинства во општина Охрид изнесува 16.010.
Просечниотброј на членови во домаќинства изнесува 3,48.
Половатаструктура на населението: машки пол 27.598 жители . женски пол 28.151 жители
Вкупнонаеление, според изјаснувањето за национална припадност
Македонци47.344 или 84,93%
Албанци2.962 или 5,31%
Турци2.268 или 4,06%
Роми 69 или0,12%
Власи323 или 0,58%
Срби 366или 0,66%
Бошњаци29 или 0,05%
Останати2.388 или 4,29%
КЛИМА
Регионот на Охридското Езеро се одликува со локално -континентална клима.Средногодишната просечна температура изнесува 11.4 C0, со максималнисредномесечни температури во јули и август од 21.2 C0 и 34.4 C0. Најнискатасредномесечна температура, забележана во јануари / -17.2 C0, е апсолутниотминимум. Просечните средногодишни врнежи во Охрид изнесуваат 704 мм, додека пакпросечните врнежи во околината на езерото изнесуваат приближно 759 ммгодишно.Има два максимуми, примарен во ноември и секундарен во февруари. Меѓуноември и февруари доаѓа до незначително намалување на врнежите. Минималнитеврнежи се во јули. Според ружата на ветровите, најчест ветер е од северенправец, особено во есен и зима. Во пролет и лето, доминираат ветровите од јужени југозападен правец. Ветровите од југоисточен и источен правец се незначителни(само 4 до 5 % од вкупната честина на ветрови). Честината на ветровите имирните периоди, исто така се менуваат во текот на денот, особено во летниотпериод. Утрата се карактеризираат со доминација на северните ветрови итишините. Состојбата целосно се менува попладне, кога ветровите од југ ијугоисток ги потиснуваат тишините. Просечната брзина на ветерот во регионот на Охриде релативно ниска и изнесува 3,4 м/с.
ПРИРОДНИ РЕСУРСИХИДРОГРАФИЈА
Сливното подрачје на Охридското Езеро брои над 40 реки и тоа 23 на албанскаи 17 на македонска територија. Сепак, најголемиот дел од нив пресушуваат волетниот период и се незначителни. Во однос на нивниот проток, Сатеска,Коселска, Сушица и Черава се најзначајните реки кои се вливаат во езерото.
Бисерот на Охрид - ОхридскотоЕзеро е со површина од 358км2, од кои 118,9км2 припаѓаатна Албанија, со надморска висина од 695м и со најголема длабочина од 286м. Староста на езерото е 3,5 - 4милиони години. Должина од 30 км и ширина од 15 км. Должината на крајбрежнаталинија на Охридското Езеро изнесува 87,5 км и покрива површина од 358 км2.Водите кои го исполнуваат Охридското Езеро доаѓаат од неговиот слив илидренажна област. Реките и изворите што течат од планинските падини и долини,како што се Коселска и Черава, внесуваат во езерото половина од водите.Останатиот дел отпаѓа на изворите кои се вливаат во јужниот дел на езерото кајСв. Наум -Дрилтон и Тушемиште. Изворите се напојуваат од водите кои извираат одпорозните планини на исток -Галичица и Сува Гора.
ШУМСКИ ФОНД
775 км2 од сливното подрачје на Охридското Езеро се пошумени со просечнабио-маса од 100 до 450 м3 шума. . Од дрвјата во шумата се застапени дабот -55%,буката - 35% и американскиот бор -10%. Околу 90% од шумите се во државнасопственост. Со шумите стопанисуваат државните претпријатија кои се надлежни засечење на шумите и пошумување согласно главниот план. . Актуелниот систем сесмета за конверзативен, односно дозволува сечење само на 70% од годишниотпораст на био-масата. Согласно Законот за шуми, 20% од пазарната цена надрвјата мора да биде искористена за повторно пошумување, 12 % за организација имаркетинг, и 8% за заштита на шумите. Шумите на Галичица подлежат на Законот зазаштита на националните паркови и на Законот за шуми.
ПОЧВА (Типови и квалитет)
Во рамките на сливното подрачје на Охридското Езеро во општина Охрид има16,000 хектари обработливо земјиште, во регионот се регистрирани 15,000земјоделски имоти со просечна големина од 1 до 3 хектари. Тоа е премалку за даможе да се заработи за живот и најголемиот дел од имотите се обработуваат вослободно време. Само 10% од вработените во земјоделскиот сектор работаат сополно работно време.
НАЦИОНАЛЕН ПАРК ГАЛИЧИЦА
Поради карактеристичната местоположба, исклучително богатиот и ендемиченрастителен и животински свет и особените природни убавини и пејсажни и естетскивредности, Собранието на Република Македонија во oктомври 1958 година гопрогласи Националниот парк Галичица. Паркот е прогласен за зачувување наизворното природно, културно и духовно богатство и има научно-истражувачка,културна, воспитно-образовна и туристичкорекреативна намена. Се наоѓа наистоимената планина во југозападниот дел на Република Македонија помеѓуОхридското и Преспанското Езеро. Зафаќа површина од 22.154 хектари (221,54 км2).Според природно застапената биолошка разновидност претставува еден однајзначајните природни објекти на Балканскиот Полуостров. Во паркот застапенисе преку 1.000 видови виши растенија со присуство на голем број ендемити иреликти. Карактеристично е присуството на 15 досега откриени локални ендеми,односно видови кои се среќаваат само во границите на Паркот и никаде на другоместо. Националниот парк Галичица се одликува и со големо богатство изастапеност на животински видови. Најзначајни се без’рбетниците од кои наГаличица имаме 26 ендемични видови. Од ’рбетниците има 11 водоземци, 21 влекач,260 видови птици и 51 цицач, од кој присутни се и најатрактивните рис, мечка идивокоза. Заштитата на природните вредности и управувањето со активностите вопаркот се во надлежност на Јавната установа Национален парк Галичица основанаод Владата на Република Македонија. . Истоимената планина на која се протеганационалниот парк е дел од Шарско-пиндскиот систем на планини. Јужна граница напаркот е државната граница на Македонија со Грција и Албанија, источнабреговите на Преспанското, а западна бреговите на Охридското Езеро. Севернатаграница е во висина на градовите Охрид и Ресен. Во границите на Националниотпарк вклучен е и островот Голем Град во Преспанското Езеро.
ТЕРМАЛНИ ВОДИ
Геотермалните потенцијали на подрачјето на општина Охрид,особено вопределот на с.Косел, биле забележани уште од античко време, со тоа што на овојлокалитет и денес постојат остатоци од термални бањи. Стандардните земјотреси,како и сулфатарата “Дувло”, ситуирана на тектонски активната североисточна –југозападна линија, која се наоѓа на источната страна на Охридскиот базен, воблизина на с. Косел, ја оцртува тектонски нестабилната положба на регионот.Според поранешните геолошки истражувања, во почетокот на 20 век, идополнителните податоци од урбанистичкиот план за с. Косел од 1959г., евидентнисе потенцијалите на ова подрачје во однос на геотермалната енергија комбиниранасо здравственорекреативните погодности. Геотермалниот потенцијал на оваподрачје е поткрепен со податоци базирани врз основа на елаборацијатаподготвена за потребите од изработка на физибилити студија, што посочува наможноста од валоризирање на геотермалната енергија и геотермалната вода.
ПАТНА И ЖЕЛЕЗНИЧКА ИНФРАСТРУКТУРА
АЕРОДРОМ
Аеродромот Охрид се наоѓа на 9 км од градот, на магистралниот пат Струга-Кичево -Скопје. Должината на полетно -слетната патека е 2.550 м, а ширината 45м. Капацитетот на Аеродромот е 300 патници / ч. Вкупниот аеродромски комплекс eсо површина од 640.850 м, од кои 155.000 м за полетно - слетната патека,спојниците, пристанишната платформа и сервисните патеки. Врз основа на вакапоставениот критериум се дефинира опслужното подрачје на Охридскиот аеродром запокриеност и на општините: Ресен, Струга, Охрид, Битола, Прилеп, Кичево, Дебар,Македонски Брод и Демир Хисар како општини со ограничени можности за просторнапокриеност. Од статистичките податоци за физичкиот обем на сообраќајот вопериодот 1997 - 2003, се добива податок дека се искористува приближно 40% одрасположливите сообраќајни капацитети на Аеродромот во текот на една година.
МАГИСТРАЛНИ ПАТИШТА НАПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНАТА
Низ територијата на општина Охрид поминуваат следните магистрални патишта:. Магистрален пат М5 ОхридБитола-Скопје со должина од 235 км. . Магистрален патМ4 ОхридКичево-Скопје со должина 176 км.
ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ
На територија на општина Охрид во функција е граничниот премин “Св. Наум” –на државната граница со Република Албанија.
ДЕЛОВНИ СУБЈЕКТИ ВООПШТИНАТА
Споредподатоците на Државниот завод за статистика (31.12.2013) во Општина Охрид има 2.757активни деловни субјекти. Од нив 2.023 се микро претпријатија или 73,4%; 708мали претпријатија или 25,7%; 22 се средни или 0,8% и 4 големи се големипретпријатија или 0,2%.
Подеталниинформации може да добиете тука.
ПОЗНАЧАЈНИ СТОПАНСКИСУБЈЕКТИ
Преработувачка индустрија Транзициониот период, 1990 2006г. ивоспоставувањето на сопствен стопански систем се одрази и во индустријата којаво овој период беше доминантна стопанска област. Притоа, општественатасопстевност, се трансформира и се повеќе се афирмира и ја поттикнува приватнатасопственост, пазарните принципи и механизми, односно започнува функционирањетона објективните економски законитости. Со остварување на овие трендови ворамките на претструктуирањето на вкупното стопанство во општината, истите својодраз имаат особено во преработувачката индустрија. Функционирањето наделовните субјекти во преработувачката индустрија, се одвива во променетаинституционална структура. Имено, со промена на улогата и положбата насубјектите на економскиот систем, институциите на поранешниот економски систем(ОЗТ -Основни работни, сложени) со донесување на Законот за трговски друштва(1996г.) се трансформираат во претпријатија, акционерски друштва, друштва соограничена одговорност, приватни, мешовити, јавни, државни и сл. Носители настопанските активности во преработувачката индустрија во општината, споредвидот на дејност се деловните субјекти од областа на електроиндустријата,металопреработувачката, текстилната, хемиската, прехранбената и низа други.Туризам Туризмот претставува еден од најзначајните општествено -економскипроцеси во Охрид. Благодарение на природното и културното богатство што сенаоѓа на овој простор, постои широк интерес за неговата туристичка посетеност.Затоа, кога се размислува за развој на оваа стопанска гранка, туризмот сетретира како една од најзначајните дејности, бидејќи претставува критериум исодржина, но и акцелератор на општествениот и економскиот живот на градот.
Можности за инвестирање во општина Охрид
(Брошурата со детални спецификации може даја земете тука)
Со децении наназад во Охрид како и во другите градови во Република Македонија,беше присутен трендот на масовно вработување на населението во големитепреработувачки системи -машинската, текстилната, електро-индустријата.Последично на тоа генерации на луѓе од раните периоди на образование беанасочувани на тесно дефинирани образовни профили кои беа потребни од страна натаквите системи. Денес се јавува проблемот на недоволно користење нанекогашните капацитети и проблемот на “технолошките вишоци на работна сила”.Бидејќи секторот на мали и средни претпријатија е недоволно развиен, сејавуваат тешкотии во апсорбирањето на вишоците на работна сила во кратоквременски период. Поголеми можности за инвестиции и отворање на нови работниместа се јавуваат во неколку сектори:
-Рестартирање на целини или делови на постоечките големи индустриски системи
-Производство на прехранбени производи
-Туризам во сите негови облици
-Специјализирани земјоделски и сточарски фарми со еколошки здрава храна
-Правни, консултантски и финансиски услуги
-Проектантски услуги и инжењеринг
-Услуги во доменот на социјалниот развој на заедницата (грижа за деца и стари, образовнии здравствени услуги)
-Инвестиции во секторите за одржлив развој и искористување на обновливи извори на енергија
-Патна инфраструктура
-Информатички технологии
-Културни настани и институции