„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Регионална комора со седиште во Скопје

 

 

Регионалната комора со седиште во Скопје се организира за членовите на Комората од општините: Центар, Карпош Гази Баба, Чаир, Шуто Оризари, Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров, Чучер-Сандево, Сарај, Сопиште, Студеничани, Зелениково, Петровец, Илинден, Арачиново

Регионална комора со седиште во Скопје
Заменик претседател : д-р Ненад Крстевски,
Компанија                    : МЕПСО
Адреса                         : Максим Горки 4, Скопје
тел.                              : +389(0)2 3149 811
факс                             : +389(0)2 3149 093
E-mail                           : [email protected]
Web                              : www.mepso.com.mk


ДОМИНАНТНИ ИНДУСТРИСКИ ГРАНКИ

Примарен сектор:
- Производство на ел. енергија 
- Рударство
      - камен, гранулат 
- Земјоделие 
- Одгледување на добиток (овци, кози, крави)

Секундарен сектор: 
- Текстил, текстилни производи, производство на облека
- Градежништво
- Металопреработувачка индустрија
- Електро индустрија
- Графичка индустрија и печатење
- Хемиска индустрија
- Фармацевтска индустрија
- Дрвна индустрија производство на мебел 
- Прехрамбена индустрија
      -производство, откуп и преработка на млеко и производство на млечни производи
- Тутунска индустрија
- Производство на алкохолни (пиво, вино) и безалкохолни пијалоци
- Трговија

Терцијален сектор:
- Угостителство и туризам
- Банкарство
- Транспорт и шпедиција
- IT сектор


⮞ д-р Ненад Крстевски,  Заменик претседател, МЕПСО, Скопје

⮞ Делчо Крастев,  УНИВЕРЗАЛНА ИНВЕСТИЦИОНА БАНКА, Скопје

Нацрт на ГУП на град Скопје - Преземено од официјален портал на Град Скопје - 

- Скопскиот регион е еден од осумте статистички региони на РМ, лоциран на северната граница, се граничи со Србија и Косово, а кон внатрешноста со Вардарскиот, Полошкиот, Североисточниот, Источниот и Југозападниот регион;

- Скопскиот регион се состои од десет општини на град Скопје и осум општини надвор од градот Скопје. Овој регион е најнаселен од сите со околу 590 455 жители во 2006 година и просечна старост од 36 години;

- Од производните индустрии најприсутни се металургиската, металната, фармацевтската, прехрамбената, кондиторската индустрија како и производство на безалкохолни пијалоци и пиво, од терцијалните гранки застапени се финансиско-банкаркиот сектор и информатички технохнологии како и градежништвото;

- 139 компании или 70% од 200-те најголеми македонски фирми во 2008 година се со седиште во Скопје. Нивните вкупни приходи во 2008 година биле над 5.6 милијарди евра или 82% од вкупните приходи на 200-те најголеми, а нето добивката изнесува 369 милиони евра или 89,7% од вкупната нето добивка на 200-те најголеми;

- Според истражувањето на УНДП јули/август 2008 година Скопскиот регион има 27 % невработеност;

- Во истото истражување потеклото на изворите на приход во Скопскиот регион се распределени на следниот начин околу 19% потекнуваат од вработувања во јавната администрација, 22% од вработувања во приватниот сектор, 8 % од пензии, а без приход се изјасниле околу 40% од испитаниците;

- Во 2007 година на ниво на Македонија се регистрирани 117 380 деловни субјекти од нив 45 619 се во Скопскиот регион односно 38,86%; од нив на ниво на Македонија активни се 60 800, а во Скопскиот регион 23 781, односно околу 40%.

- Најголемо учество во бруто-домашниот производ на Република Македонија има Скопскиот регион со 47.3% во 2005 година.

- Највисоко ниво на БДП по жител, споредено со просекот на Република Македонија; во 2005 година Скопскиот регион има индекс на БДП по жител од 164.2%;

- Според седиштето на деловните субјекти, во 2006 година најголем извоз во вредност од 1 милијарда 88 милиони САД долари е регистриран во Скопскиот регион, од вкупно 2 милјарди 401 милион САД долари извоз на национално ниво, а деловните субјекти од овој регион имаат остварено и најголем увоз во вредност од 2 милијарди 506 милиони САД долари од вкупно 3 милијарди 763 милиони САД долари увоз на ниво на Македонија.


Контакт лице: Јадранка Аризанковска

Телефон: ++ 389 2 3244038, M. 072 236 711
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: [email protected]
Контакт центар: (02) 15015