„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
Регионалната комора со седиште во Струмица се организира за членовите на Комората од општините: Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село, Конче.
Регионална комора со седиште во Струмица
Претседател : Миле Цеков,
Компанија: ЕВРОМАК
Адреса: Индустриска зона, с.Василево
тел.: +389(0)34 353 030
моб: +389(0) 70 903 824
E-mail: [email protected]
ДОМИНАНТНИ ИНДУСТРИСКИ ГРАНКИ
Примарен сектор:
- Рударство :
- камен, гранулат
- бакар, железна руда
- Земјоделие
- раноградинарски култури (домати, пиперка, краставица, зелка, лубеници)
- овоштарство
- лозарство
- тутун
- Одгледување на добиток (овци, кози, крави)
Секундарен сектор:
- Текстил
- Градежништво
- Дрвна индустрија-мебел
- Прехрамбена индустрија
- производство, откуп и преработка на млеко и производство на млечни производи
- производство на алкохолни пијалоци (вино, мастика) и безалкохолни пијалоци
- Тутунска индустрија
- Трговија
Терцијален сектор:
- Угостителство и туризам
- термални води, бања
- Транспорт и шпедиција
www.strumicaeconomy.com
StrumicaEconomy.com е прв портал кој промовира регионално стопанство, прв портал на стопански субјекти изработен од oпштини, прв македонски портал за стопански субјекти кој има за цел да создаде моќна интернет презентација во целиот свет.
На Конститутивната седница на Регионалната комора со седиште во Струмица, одржана на 11.06.2010 во Струмица, донесена е Одлука за избор на членови на Управниот одбор на Регионалната комора, за избор на Претседател на Регионалната комора и Заменик-претседател на Регионалната комора .
За Претседател на Регионалната комора со седиште во Струмица е избран Трајче Заев од „ИГМ Еленица„ - Струмица, а за заменици-претседатели се избрани Никола Пандев,„ Жикол Дооел“- Струмица, Аристид Маџунков „Огражден“ - Струмица, Татјана Никова, „ Мебел Ников„- Струмица,
и Благој Камчев, „ Јака Табак“- Радовиш.
⮞ Миле Цеков, Претседател, ЕВРОМАК, Струмица
⮞ Александар Ристов, Заменик претседател, АЛФА ИНЖЕНЕРИНГ, Радовиш
⮞ Аристид Маџунков, Заменик претседател, ОГРАЖДЕН, Струмица
⮞ Ванчо Палифиров, Заменик претседател, ЏУМБО-КОМПАНИ 93, Струмица
⮞ Марија Костуранова, Заменик претседател, ГРОЗД, Струмица
⮞ Никола Пандев, Заменик претседател, ЖИКОЛ, Струмица
⮞ Татјана Никова, Заменик претседател, НИКОВ, Струмица
StrumicaEconomy.com е прв портал кој промовира регионално стопанство, прв портал на стопански субјекти изработен од oпштини, прв македонски портал за стопански субјекти кој има за цел да создаде моќна интернет презентација во целиот свет.
ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ ЗА ОПШТИНА СТРУМИЦА
Градот Струмица заедно со својата најблиска околина, поволните географско-климатски карактеристики и богатото Струмичко поле, одсекогаш представувал важен крстопат на патиштата на разни култури и цивилизации кои го оставиле својот белег на оваа почва. Следејќи ги материјалните остатоци, создавани во разни историски епохи, почнувајќи од праисторијата, преку антиката, византиско-словенската, турскиот период, итн. Струмица е еден од ретките градови со напластено богатство на споменици.
ИНДУСТРИЈА
Општина Струмица има релативно развиена индустрија.
Најзастапена индустриска гранка е текстилната - производство на предиво, тешка и лесна конфекција. Истовремено оваа гранка вработува најголем дел од работоспособното население.
Дрвната индустрија е преставена преку повеќе производствени капацитети кои произведуваат мебел, столарија и дрвена амбалажа.
Во Општина Струмица егзистира фабрика за санитарна керамика темелена врз суровинската база на рудникот за неметали и фабрика за производство на тули.
Електро индустријата и металопреработувачката е застапена преку микро производните капацитети со следниве производи: струјомери, пресувани делови и производство на метална галантерија од лим, каси, сефови, сигурности врати, противпожарни ормари, алуминиумска браварија итн.
За преработка и повисока финализација на примарното земјоделско производство постојат капацитети за производство на конзервиран зеленчук, преработка на млеко и месо, фабрика за обработка и ферментација на тутун, мелничко-пекарска индустрија, мини производствени погони за производство на слатки и слично.
РУДАРСТВО
Општина Струмица располага со наоѓалишта на неметали.
Екслоатацијата на неметалите датира од 1955 година кога е основан рудникот Огражден. Првите ископани количини се употребени во Скопската стакларница. Како резултат на зголемената побарувачка за кратко време процесот на копање на рудата се подобрува. Зголемената побарувачка на неметалите наметнува потреба од осовремување на процесот на мелење на рудата, кој во почетокот се одвивал со примитивни мелници. Во 1968 година е пуштена во работа автоматска мелница така што денес производството во рамките на АД за Неметали "Огражден" - Струмица е ставено во функција на состојбите и побарувањата на пазарот.
Енормните резерви на фелдспатна и карбонатна минерална суровина, флексибилноста на постројките за подготовка на истите, како и високиот степен на контролирање на квалитетот на материјалот, овозможуваат потполно задоволување на потребите на купувачи по количина и квалитет. Од неодамна стручна истражувачката екипа овозможи зголемување на резервите на основната суровина преку наоѓање на нови наоѓалишта и појави, а истражувања во доменот на металите, посебно од типот на примарно и секундарно злато, отвараат нови развојни можности.
ЗЕМЈОДЕЛСТВО
Струмичкиот регион е најголем земјоделски производител во Македонија. Вкупно земјоделски површини во Општина Струмица има 8130 ха.
Исто така Струмичкиот регион покрај најголем производител е воедно и најголем извозник на земјоделски производи .
СТОЧАРСТВО
На епизоотилошкото подрачје Струмица егзистираат околу 15.000 грла чупункари (крави, биволи, волови, телиња). Заради усогласување со Европското законодавство на беше донесен Законот за идентификација и регистрација на животните. Со цел реализација на законот на територијата на град Струмица досега е извршено трајно обележување и оматичување на 13.000 говеда. Акцијата тече и ќе се изведува понатаму во согласност со сите европски стандарди и нормативи.
ШУМАРСТВО
Вкупната површина под шуми во општина Струмица изнесува 18.860 (ha).
Управувањето со шумите е во надлежност на правните субјекти: Македонски шуми, Струмички слив и Комуналец. Наведените субјекти водат грижа и за репродукција на шумскиот фонд со засадување на садници, со тоа што активно е вклучена општина Струмица невладиниот сектор.
ГРАДЕЖНИШТВО
На подрачјето на Општина Струмица постојат регистрирани 155 градежни компании, а носители на градежната активност во Струмица се околу 20 компании. Струмичките градежни претпријатија се занимаваат со проектирање, изведба и градежништво во областите нискоградба и високоградба. Значаен инпут на овој сектор е индустријата за градежни материјали.
ТРГОВИЈА
Општина Струмица има развиена трговска мрежа, а градот Струмица важи за главен шопинг центар во југоисточна Македонија.
Постојат огромен број на регистрирани трговски компании во Струмица.
Корисни линкови