„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Регионална комора со седиште во Велес

Регионалната комора со седиште во Велес се организира за членовите на Комората од општините: Велес, Чашка, Градско и Росоман, .

За Регионалната Комора со седиште во Велес:

Со децентрализацијата на коморските активности со цел обезбедување поефикасни и побрзи услуги за компаниите од одделните региони во Република Македонија, од Март 2015 година започна со работа Регионалната канцеларија со седиште во Велес.

Претседател на Регионалната комора со седиште во Велес е Георги Чадиев од „УНИСТАР ТРЕЈД“ Велес.

Голем број од услугите кои ги нуди Стопанската комора на Македонија сега им се достапни на компаниите од Општините.

Регионалната комора во Велес е задолжена за следниве активности:

- да организира и подготвува различни облици на обуки (семинари, работилници и сл.) за потребите на членките на Комората и други заинтересирани субјекти;
- да ги информира членките и другите фирми за обуките кои ќе се одржат во организација на Стопанската комора на Македонија;
- да ги следи актуелните состојби на работење и потреби на членките на Комората и другите субјекти, со цел за предлагање на обуки на актуeлни теми;
- да подготвува информации, анализи, предлози на акти и други документи од интерес за стопанството од регионот за кој е организирана Регионалната комора;
- да ги следи тековните стопански движења и условите на стопанисувањето, обработува информациони податоци и предлага мерки за подобрување на условите за стопанисување за регионот;
- да дава предлози за покренување иницијативи за донесување или изменување на законски и други прописи од интерес за стопанството од регионот;
- да остварува редовни контакти со фирмите од регионот, особоено во функција на давање соодветна стручна и друга помош;
- го организира или посредува во воспоставувањето контакти меѓу членките на Комората.

⮞ Ѓеорѓи Чадиев,  Претседател, УНИСТАР ТРЕЈД ЗД, Велес

⮞ Димче Панов,  Заменик претседател, ИНСА-ВОДАИНЖИЊЕРИНГ, Велес

⮞ Јосиф Манев,  Заменик претседател, ПЕСКАРА-ВЕЛ, Велес

⮞ Мери Кировска,  Заменик претседател, ДИМКО МИТРЕВ, Велес

⮞ Трајче Трајков,  Заменик претседател, ХЕМИЈА-КОМЕРЦ, Велес

Регионалната комора со седиште во Велес официјално започна со работа на ден 16.04.2015. Регионалната комора со седиште во Велес ќе се залага за подобрување на условите за работа и развој на фирмите на локално ниво и ќе дава поддршка на бизнис-секторот во Велес и регионот во кој спаѓаат и општините Чашка и Градско.

ОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ

Општина Велес има централна местопололжба во Република Македонија. Таа претставува значеан сообраќаен јазол каде што се вкрстуваат најважните патни и железнички сообраќајни правци на меѓународниот сообраќаен коридор кој ја поврзува Европа со Блискиот Исток и Северна Африка. Поради тоа сообраќајната инфраструктура има важно значење за долгорочниот стопански развој на општина Велес. Велес е шести град според бројот на жители во Македонија. Носечки симбол на градот е Саат-кулата. Маскота на Општина Велес е видра за која со сигурност се знае дека живее во водите на реките Бабуна и Тополка.

ИСТОРИЈА

Велес, како урбана населба постои од 168 год. п.н.е. Во текот на историјата градот често го менувал името од Вила Зора, преку Ќупурли до Велес.
Во Велес се отворени првото училиште на македонски јазик, првата гимназија, првиот театар, правата библиотека, првиот музеј и првото музичко училиште. Меѓу зачуваните средновековни споменици најпознат е манастирот Св.Димитрија (XIV век), а како архитектонска вредност, најпозната е црквата Св.Пантелејмон (XIX век).
Најголема туристичка атракција во Општината е античкиот град Стоби. Покрај тоа, значајни се локалитетот Бреза и локалитетот Пешти кој изобилува со пештери.
Општината Велес се наоѓа во централниот дел на Република Македонијa.Со новата територијална поделба од 2004 година, картата на Општина Велес се измени и сегашната територија, што ја зафаќа Општина Велес, е со површина од 464,5 км2.Велес е на надморска висина од 175 м. Географската поставеност на градот е многу поволна и нуди цела низа позитивни околности.

КОМУНИКАЦИИ

Низ Велес поминуваат магистрални, регионални и локални патни правци поврзани со државната и меѓународната патна мрежа преку патните правци од меѓународно и национално значење Табановце-Скопје-Велес-Гевгелија и Делчево-Штип-Велес-Градско-Прилеп-Битола-Меџитлија.
Железничкиот сообраќај се одвива преку железничкиот систем на Република Македонија. Низ општината поминуваат железничките правци:

- магистралната пруга Табановце-Скопје-Велес-Гевгелија,
- пругата Велес-Прилеп-Битола и
- пругата Велес-Штип-Кочани.

КЛИМА

Отвореноста на општината кон север и честите продори на континентални воздушни маси во зимскиот период од годината условуваатбпојава на ниски температури на воздухот и владеење на континентална клима со просечна годишна температира од 12 до 15 степени Целзиусови.

ХИДРОГРАФИЈА

Општина Велес ги опфаќа подрачјата на поголемите водотеци Бабуна, Тополка и Отавица, кои заеднички припаѓаат на сливот на реката Вардар. Општина Велес како семиаридно подрачје има проблеми при обезедување вода за населението, земјоделските стопанства и сточните фарми. Системите за водоснабдување користат води од главните водотеци, односно од реките Вардар, Бабуна и Тополка, од езерото "Младост", како и води од подземни изворишта и чешми. Со завршувањето на браната „Лисиче“се надминува проблемот за водоснабдување на општината.

ИНДУСТРИСКИ ЗОНИ

Постоечки
- Индустриска зона Речани
- Индустиска зона Мало стопанство Комплекс УЗУС

Во процедура
- Индустриска зона - Караслари
- Индустриска зона - Винарии Караслари
- Индустриска зона „ТУНЕЛ“ за мало стопанство (сервиси)
- Индустриска зона - Бабуна 1
- Индустриска зона - Бабуна 2
- Индустриска зона - Речани (по ГУП)

Атрактивни туристички локации
- Езеро „МЛАДОСТ“
- Аква парк (езеро „МЛАДОСТ“)
- Локалитет Пешти (Долна Бабуна)
- Локалитет Бреза

ВОДЕЧКИ  КОМПАНИИ (СПОРЕД ВРАБОТУВАЊАТА И ПРОФИТОТ)

Според расположливите податоци, во индустријата на Општина Велес се застапени девет индустриски гранки, односно:
- обоена металургија,
- хемиска индустрија,
- индустрија на керамика и порцелан,
- текстилна индустрија,
- кожарска индустрија,
- металопреработувачка и електро индустрија
- тутунска индустрија,
- индустрија на градежни материјали и прехранбена индустрија.

ЛОКАЛНА ЕКОНОМИЈА: Активни деловни субјекти (2016)

 
2010
2011
2012
2013
2014
2015
2016
Вкупно
2044
2004
2042
1956
1942
1970
2007
Земјоделство, шумарство и рибарство
135
160
169
157
163
154
146
Рударство и вадење на камен
6
7
8
7
11
10
12
Преработувачка индустрија
204
218
222
203
196
202
220
Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација
0
0
0
0
0
0
0
Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад; санација на околината
17
17
17
13
12
10
10
Градежништво
76
72
76
65
71
86
86
Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли
850
806
817
766
745
727
713
Транспорт и складирање
205
204
197
197
198
198
205
Објекти за сместување и сервисни дејности со храна
86
95
107
109
104
109
118
Информации и комуникации
14
19
20
23
20
21
25
Финансиски дејности и дејности на осигурување
4
3
1
3
3
3
3
Дејности во врска со недвижен имот
7
7
9
8
8
10
10
Стручни, научни и технички дејности
111
123
124
125
140
156
172
Административни и помошни услужни дејности
57
18
23
27
25
26
24
Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување
5
5
6
6
6
6
6
Образование
36
33
30
35
29
27
30
Дејности на здравствена и социјална заштита
96
99
100
98
95
96
95
Уметност, забава и рекреација
34
25
28
23
27
30
34
Други услужни дејности
101
93
88
91
89
99
98
Дејности на домаќинствата како работодавачи
0
0
0
0
0
0
0
Дејности на екстратериторијални организации и тела
0
0
0
0
0
0
0

Најголем процент од бизнис секторот во Општина Велес се сопственици на компаниите,чија дејност е во: градежната индустрија,услужниот сектор (книговотствени услуги, проектирање, консалтинг) винска индустрија (производство на грозје и вино), информатичка технологија, дрвна индустрија, здравство, лесна преработувачка индустрија и прехрамбена индустрија итн.

ЛИСТА НА НАЈГОЛЕМИТЕ КОМПАНИИ КОИ РАБОТАТ ВО ОПШТИНАТА, СО КУС ОПИС НА НИВНИОТ БИЗНИС (сектор/индустрија)

- Брако – Жичани производи
- Агриа – Производство на месо и месни преработки,земјоделство,сточарство и живинарство
- ПИ Благој Ѓорев АД Велес – Производство на рафинирани масла и масти
- Леов Компани –Производсто на болјери и производи од лим
- Динамо – Производство на болјери и производи од лим
- Жито – Трговија на прехрамбени производи
- АД Димко Митрев – Производство на предмети од крзно и обработка на кожа и крзно
- Вкупната земјоделска површина изнесува 1.071 км2 или 69% од вкупната површина на општината во поранешен состав. Земјоделските површини од еколошки аспект имаат поволна структура поради високото учество на ливади и пасиштата.

ЗБРАТИМЕНИ ГРАДОВИ СО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Свиштов - Република Бугарија, Самобор - Република Хрватска, Пула - Република Хрватска, Слобозија - Република Романија, Цеље - Република Словенија, Термаикос -  Република Грција, Чан -Република Турција, Ужице - Република Србија,  Ниш - Република Србија, Новогард - Република Полска, Сандански - Република Бугарија, Перник-Република Бугарија, Силистра - Република Бугарија, Вировитица - Република Хрватска, Каршијака - Република Турција, Адалар - Република Турција.


Корисни линкови:

www.veles.gov.mk


Контакт лице: Јадранка Аризанковска

Телефон: ++ 389 2 3244038, M. 072 236 711
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: [email protected]
Контакт центар: (02) 15015