„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
Регионалната комора со седиште во Кавадарци се организира за членовите на Комората од општините: Кавадарци, Неготино, Демир Капија и Росоман.
Голем број од услугите кои ги нуди Стопанската комора на Македонија сега им се достапни на компаниите од Општините.
Регионалната комора во Кавадарци е задолжена за следниве активности:
- да организира и подготвува различни облици на обуки (семинари, работилници и сл.) за потребите на членките на Комората и други заинтересирани субјекти;
- да ги информира членките и другите фирми за обуките кои ќе се одржат во организација на Стопанската комора на Македонија;
- да ги следи актуелните состојби на работење и потреби на членките на Комората и другите субјекти, со цел за предлагање на обуки на актуeлни теми;
- да подготвува информации, анализи, предлози на акти и други документи од интерес за стопанството од регионот за кој е организирана Регионалната комора;
- да ги следи тековните стопански движења и условите на стопанисувањето, обработува информациони податоци и предлага мерки за подобрување на условите за стопанисување за регионот;
- да дава предлози за покренување иницијативи за донесување или изменување на законски и други прописи од интерес за стопанството од регионот;
- да остварува редовни контакти со фирмите од регионот, особоено во функција на давање соодветна стручна и друга помош;
- го организира или посредува во воспоставувањето контакти меѓу членките на Комората.
Претседател на Регионалната комора со седиште во Кавадарци е Никола Наумов од ,, Градба Промет,, Кавадарци
⮞ Никола Наумов, Претседател, ГРАДБА ПРОМЕТ, Кавадарци
⮞ Ласко Јованов, Заменик претседател, СЛОГА ИНТЕРНАЦИОНАЛ, Кавадарци
⮞ Славчо Јорданов, Заменик претседател, КИМ, Неготино
⮞ Билјана Дескоска, АЛАЈАНС УАН МАКЕДОНИЈА, Кавадарци
⮞ Илија Јанчев, ВЕНЕЦ АД, Неготино
⮞ Лазар Пончев, МАШИНОКОП, Кавадарци
⮞ м-р Јанинка Чупарковска, КОЖУВЧАНКА, Кавадарци
⮞ Ристо Милев, ГД-ТИКВЕШ, Кавадарци
⮞ Темов Васко, КАВ-КОМЕРЦ, Кавадарци
⮞ Трајче Велков, СТРУЈА КОМЕРЦ, Кавадарци
ПОДАТОЦИ ЗА РЕГИОНОТ КАВАДАРЦИ, НЕГОТИНО, ДЕМИР КАПИЈА, РОСОМАН
ОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ
„ Звездите над нашето небо ја насочуваат Месечината на пат до срцето твое, а ние со раширени раце и со насмевка на лицето свое ќе ви посакаме ДОБРЕДОЈДЕ„
Општина Кавадарци лежи во Јужниот дел од Македонија со површина од 1132км квадратни и население од 38 937 , каде што стапката на активно население изнесува 62.8%,стапката на вработеност 49.3%,а стапката на невработеност изнесува 21.6.% Во рамките на општината постојат вкупно 55 населени места. Границите на општината на југ се поклопува со државната граница кон Грција, додека на исток се граничи со општина Неготино, на запад со општина Прилеп и на север со општина Велес. Таа зазема најголем дел од Тиквешката котлина која го чини централниот дел од Повардарието.
ВОДЕНИ РЕСУРСИ
ЕКОНОМИЈА
Главна гранка на економскиот живот на жителите на Тиквешијата и носител на стопанскиот развој во целиот регион е земјоделието односно лозарството, по кое Тиквешијата е најпозната во Македонија и на Балканот. Лозовите насади во Тиквешијата се распространети на околу 11.000 хектари (8.000 на подрачјето на Општина Кавадарци и 3.000 на подрачјето на Општина Неготино). Тиквешијата претставува најголемо виногорје во Македонија и на Балканот кеде годишно се произведуваат 168 682 kg.грозје , а вкупната површина и производството на лозја е 18 168 kg. по хектар. Најголеми винарски визби се „Тиквеш“ Кавадарци (најголема во Македонија) и „Повардарие“ Неготино, а во поново време се повеќе се отвораат и приватни винарски визби како „Попови“, „Чекорови“, „Пеца-Комерц, „Бовин“ и др.
Од земјоделието исто така многу застапена гранка е и овоштарството пред се одгледувањето на праски и кајсии кои најзастапени се во околината на Росоман.Вкупниот број на стебла-праски е 91 380, а вкупното производство во тони изнесува 2 575 или 28kg. праски по стебло.
ИНДУСТРИЈА
Индустриските капацитети пред се` се од металургијата и металопреработувачката индустрија. Недалеку од Кавадарци се наоѓа комбинатот за феро-никел „ФЕНИ Мак“ во кој има и слободна економска зона „Долина на Никелот“. Комбинатот „ФЕНИ Мак“ се снабдува со никелова руда од рудникот „Ржаново“ кој заедно со Алшар се единствените рудници во Тиквешијата богати со најразлични видови руди. Други индустриски капацитети и фирми од металската индустрија се „Металекс“ Кавадарци, „ИГМ Трејд“, „МИК“ ,,МЕПОС,, и други.
Во Тиквешијата се изградени и 2 хидроцентрали и 1 термоцентрала за добивање електрична енергија: „ХЕЦ Тиквеш“, „ХЕЦ Дошница“ и „ТЕЦ Неготино“.