„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
- разгледување прашања во врска со унапредувањето на работењето и решавањето на тековните проблеми во дејноста, врши економска пропаганда и организира саеми, изложби, стопански делегации што се од посебен интерес на членовите на Здружението;
- усогласување на пројавените спротивности и различни интереси во рамките на својата дејност, имајќи ги предвид и интересите на стопанството во целина; - усвојување заклучоци и предлага мерки што се од заеднички интерес на членовите, а кои не се во спротивност со позитивните законски прописи и добрите деловни обичаи; - разгледување предлози на закони и други прописи, дава мислења и предлози по прашања од заеднички интерес на членовите и покренува иницијативи за донесување и за измени и дополнувања на истите; - иницирање и остварување соработка по прашања од заеднички интерес на членовите од други здруженија во рамките на Комората и меѓународна соработка во согласност со прогамските активности и општите акти на Комората; - унапредување на бизнис-климата во земјата, преку поттикнување на имплементација на европските правила и стандарди и перманентното функционално образование и иновација на знаењата на стручните кадри од дејноста; - ја промовира Комората како задолжително, неутрално место за консултирање на бизнисот за сите прашања од интерес на стопанството. - градењето на стабилни и продлабочени партнерски односи со надлежните државни органи и институции, а особено со Министерството за економија и надлежните инспекциски органи, во функција на создавање здрава клима на лојална конкурентска основа.
⮞ Соња Тасевска Претседател, МАКО-МАРКЕТ, Скопје
⮞ , РАМСТОРЕ МАКЕДОНИЈА, Скопје
⮞ Асмир Јахоски, ПУЦКО ПЕТРОЛ, Скопје
⮞ Атанас Јошевски, АГРОТЕХНА, Скопје
⮞ Даница Личанин Блажеска, РЕПТИЛ, Скопје
⮞ Д-р Ѓорги Нацка, АВИЦЕНА, Скопје
⮞ Душан Туџаров, РЕПЛЕК ДМС, Скопје
⮞ Елизабета Ицева, ВЕРОПУЛОС, Скопје
⮞ Иван Ристовски, АВТ ИНТЕРНАТИОНАЛ, Скопје
⮞ Јовица Пешиќ, АНГРОКУМ, Куманово
⮞ Младен Дамев, СКОПСКИ ПАЗАР, Скопје
⮞ Румен Смилевски, МАЛИНА 99, Велес
⮞ Спасе Јакимов, ТУРТЕЛ, Штип
⮞ Тања Камчева Лазаревиќ, Друштво за трговија на мало и големо КАМ ДОО Илинден, Скопје
дејност
|
период
|
индекси
|
|
2019
|
2018
|
2019/18
|
|
-Трговија на големо и на мало
со моторни возила и мотоцикли, делови и прибор и нивно одржување |
23.408
|
21.676
|
92,6
|
-Трговија на големо, освен трговија
со моторни возила и мотоцикли |
166.050
|
193.117
|
116,3
|
-Трговија на мало, освен трговија
со моторни возила и мотоцикли |
208.731
|
203.304
|
97,4
|
Вкупно:
|
399.189
|
418.097
|
104,7
|
|
|
Иницијатива за правовремено информирање на јавноста при носење на Одлука за воведување полициски час
Големите ланци на маркети покренаа иницијатива до Владата да донесе одлука и да ги извести граѓаните барем 48 часа порано, како што имаше претходно најава, за да можат правовремено да се снабдат со потребните намирници. Ова повеке од причина што ситуацијата со зголемување на новозаболени започна уште на 31.05 со објава за 35 новозаболени, при што нивниот број рапидно растеше и заклучно со 03.06 достигна 101 ново заболени. Истовремено се имаше предвид и претстојниот христијански верски празник духовден.
Како резултат на ваквата ситуација, денес во текот на целиот ден се ствараат непрегледни гужви пред маркетите а голем дел од граѓаните не се во можност да ги набават сите потребни намирници за престојниот полициски час.
Затоа ние, големите ланци на маркети, предлагаме доколку во иднина се носат вакви и слични одлуки, навремено да се информира јавноста и тоа барем 48 часа однапред. На тој начин би се избегнале големите редици пред маркетите и намалил ризикот од ширење на корона вирусот Ковид-19, а граѓаните би биле во можност целосно да ги снабдат потребните продукти.
Иницијатива укинување на О длука та за определување на највисоките цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало („Службен весник на РСМ“, бр. 70 од 19.3.2020, како Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за определување на највисоките цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало („Службен весник на РСМ“, бр. 76 од 24.3.2020)
Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија бара укинување на ваквата Одлука од страна на Владата на РСМ по завршуваето на вонредната состојба (заклучно со 15.5.2020 година). Доколку Владата ја продолжи истата, членките на Здружението бараат изземање на производите со акциска цена на денот на донесување на оваа одлука и враќање на нивните редовни цени
И ницијатива за измена на даночниот третман на кусоците во малопродажни објекти
Во даночната регулатива во Република Северна Македонија кусоците настанати во тековното работење во малопродажбата по основ на кражби имаат даночен третман на непризнаен расход за даночни цели и истите износи подлежат на плаќање на данок на добивка и данок на додадена вредност, но и се третираат како друг доход кој не е изземен од оданочување со данокот на личен доход, односно како кусок во трговијата кој не е предизвикан од вонредни настани (кражба, пожар или други природни непогоди), а за кој износ се товари физичкото лице кое остварува доход.
Ваквиот даночен третман на кусоците од кражби во малопродажни објекти во кои купувачите имаат физички контакт со трговската стока е несоодветен, од причина што конкретните ситуации се третираат како скриени исплати на добивка или упатуваат на тоа дека постоела намера за одредени настани кои се припишуваат на сопствениците или менаџерите на продажните објекти, чија крајна цел е лично примање. Во секојдневното работење и покрај сите преземени мерки на физичко, електронско обезбедување и набљудување на малопродажните објекти, невозможна е максимална заштита и сведување на кусоците од кражби на нула, особено на одредени производи.
Даночниот третман на кусоците во малопродажните објекти во кои купувачите имаат физички контакт со стоката е несоодветен, бидејќи истиот ги изложува на негативни последици субјектите во малопродажба. Истите покрај тоа што трпат штета од настанатите кражби на конкретни производи, дополнително неоправдано трпат негативни последици за износите на данок со кој се товари износот на кусоците по основ на кражби во малопродажните објекти.
Во конкретните ситуации не станува збор за остварен доход на сопствениците, ниту за скриени исплати на добивка како приход на сопственикот, туку за претпоставен приход, односно доход, базиран на фактот дека не може да се идентификуваат лица кои ги присвоиле производите.
Поради наведеното, се предлага кусоците во малопродажните објекти во кои купувачите имаат физички контакт со трговската стока под одредени услови да добијат третман на даночно признаен расход.
Оттаму, се предлага како непризнаен даночен расход за даночни цели да не се сметаат износите на кусоците во малопродажни објекти во кои купувачите имаат физички пристап до трговските стоки утврдени со попис, а кои се предизвикани од секојдневни кражби, во нормирана рамка во висина од 0,5-1,0% од остварениот промет во пресметковниот период по вид на трговска стока.
Со ваквиот пристап би се специфицирале производите, односно трговските стоки кои најчесто се предмет на кражби и би се избегнала можноста за злоупотреби, во насока на прикажување на кусоци кај одредени трговски стоки за кои поради нивните карактеристики (габарит и сл.) е невозможно да не се утврди кражбата и воедно би се постигнал правичен даночен третман на расходите кои ги имаат малопродажни објекти во кои купувачите имаат физички пристап до трговските стоки.
Иницијатива за донесување Предлог мерки за спречување на социјални кризи и масовни отпуштања во секторот Малопродажба
Групата на компании со ланец на продавници лоцирани претежно во затворени трговски центри – молови, во овој момент е најмногу засегната, затоа што веќе две недели малопродажните објекти се затворени и не работат, а во овие услови не е познато уште колку долго мерките ќе бидат во сила. Вработените се во прекин на извршување на работните задачи при што целокупниот промет на добра во истите е застанат. Во исто време нашите компании генерираат трошоци, кои како што одминува времето ќе се зголемуваат со што буџетите на компаниите ќе бидат оптоварени сè повеќе и повеќе.
Од страна на Владата и ресорните Министерства, секторот малопродажба, особено компаниите кои вршат малопродажба во локали лоцирани во затворените молови, не е опфатен со ниту една мерка ниту пак се нагласуваат штетите кои секторот ги трпи. Особено е проблематичен моментот кој е предизвикан од актуелната ситуација што мерката затворање не може никој да предвиди до кога во овој или друг вид на обем ќе функционира. Од друга страна, и целокупната ситуација влијае на потрошувачкиот капацитет на граѓаните што дополнително го намалува прометот на нашите компании и секторот Малопродажба е доведен до стадиум на борба и баланс помеѓу ситуацијата – желбата за неотпуштање на работниците и секако опстанок на компаниите.
Потребно е да се има предвид дека секторот малопродажба во овој момент обединува компании кои имаат околу 8.000 активно вработени лица, чијашто егзистенција ќе биде доведена во прашање доколку на засегнатите компании не им се обезбеди непосредна помош преку соодветни мерки.
Во таа насока, се обраќаме до Вас со цел да информирање и предупредување на одредени состојбикои може да предизвикаат сериозни последици врз овој сектор.
Владата и надлежните Министерства понудија сет мерки за помош на останатите засегнати индустрии, додека за секторот малопродажба до сега не беа понудени никакви мерки за справување со кризната ситуација.
Поради тоа сметаме дека е од исклучителна важност да се сослуша мислењето на секторот, а ида се има предвид сет на мерки кои како на сектор ќе му бидат потребни за да се справи со кризата и претрпените загуби и истите да можат да бидат ублажени.
Секторот малопродажба го предлага следниот сет на мерки:
Секторот малопродажба, е важен сегмент во Република Северна Македонија и значајно е на истиот да се помогне, посебно и што голем дел од населението се снабдува со производи кои се дел од палетата на продажбата во овој сектор што исто така е доведено во прашање доколку не се обезбедат соодветни мерки.
Компаниите се свесни дека се наоѓаат во ситуација која е предизвикувачка и тешка за сите, но само со заеднички напори и поддршка на државата на засегнатире дејности и компании може да истата да биде надмината и компаниите да продолжат да ја вршат својата деловна активност