„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
Македонската енергетска асоцијација се ангажира за унапредување на работењето и развојот на фирмите од областа на енергетиката - членки на Стопанската комора на Македонија.
Асоцијацијата со своето делување придонесува во создавање услови за стабилно снабдување со енергија, воспоставување транспарентни пазарни односи, иницирање и реализација на проекти кои имаат за цел зголемување на енергетската ефикасност и користење на обновливи извори на енергија.
Во рамките на МЕА фoрмирани се две Групации:
- Групација за климатизација, греење, ладење и проветрување
- Групација на обновливи извори на енергија
На седницата на Македонската енергетска асоцијација одржана на 18.03.2022 година, за претседател на Асоцијацијата е избран д-р Кочо Анѓушев .