„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
02.02.2023
Претседателот на Македонската енергетска асоцијација (МЕА) и извршен директор на групацијата Феро Инвест, проф. д-р Кочо Анѓушев, учествуваше на панелот за енергетика на Конференцијата на Владата на РСМ (31.1.2023 г.).
Претседателот на МЕА нагласи дека доколку цените на електрична енергија повторно продолжат да растат потребна ќе биде помош од државата и за големите компании кои се снабдуваат со електрична енергија на слободен пазар, а кои вработуваат околу 200 илјади граѓани и за кои работат и малите компании, дел од кои веќе добија поддршка.
Проф. д-р Кочо Анѓушев препорача да се инвестира во диверзифицирани обновливи извори на енергија и да се следи Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година, имајќи предвид дека обновливите извори на енергија имаат многу добри страни, но и недостатоци. Причината за тоа е што еден обновлив извор создава концентрација на електрична енергија во ист временски период кај сите електрани, поради што мора да има диверзификација, за да нема целосно производствено поклопување.
Зголемувањето на производството на енергија од обновливи извори ќе поттикне и проекти за складирање енергија:
- ХЕЦ Чебрен, како реверзибилна хидро електрана важна за балансирање на електро енергетскиот систем
- Батериски системи во преку три различни пристапи: инсталација на батериски системи во рамки на иднустриски капацитети, инсталација на батериски системи во рамки на електрани и инсталација на независни батериски системи
- Произвоство на водород со електролиза и искористување на водородот како погонско гориво.
Целото излагање на проф. д-р Анѓушев, на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=O9hEAdWOTao