„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
23.02.2023
Здружението на енергетика одржа седница која ја водеше претседателот на здружението, д-р Ристо Јаневски, кој ги воведе присутните на состанокот со општата констатација дека инсталацијата на фотоволтаични системи на покривите на граѓаните како и малите претпријатија односно сите субјекти кои се опфатени со Правилникот за обновливи извори на енергија е речиси незначителна во однос на информациите што ги има добиено од членките на здружението. Со тоа, претседателот на Здружението на енергетика постави тема на дискусија: Зошто изостана очекуваната експанзија на инсталација на фотоволтаични системи на покривите на граѓаните и малите претпријатија?
За ова значајно прашање подеднакво важно и за граѓаните и за малите компании кои ќе ги намалат своите сметки и ќе дишат почист воздух, и за дел од фирмите членки чија дејност им е набавка и монтажа на вакви системи, ЕВН да номинира претставници кои одговараа на прашања во врска со: документацијата и техничките можности за приклучок на ФВ системите, начинот на пресметување на предадената енергија во дистрибутивниот систем и фактурирањето на пресметковниот период.
Врз основа на отворената дискусија на оваа седница на Здружението за енергетика при СКСМ беа издвоени заклучоци што ќе се споделат до одговорните институции со цел граѓаните и малите претпријатија да се мотивираат во инсталација на фотоволтаичните системи на своите покриви и површина.