„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

ИМА МОЖНОСТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БИЗНИС СОРАБОТКАТА ПОМЕЃУ МАКЕДОНСКИ И ГЕРМАНСКИ КОМПАНИИ

14.03.2023

ИМА МОЖНОСТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БИЗНИС СОРАБОТКАТА ПОМЕЃУ МАКЕДОНСКИ И ГЕРМАНСКИ КОМПАНИИ

Германската делегација на Источниот Комитет на Германското стопанство, придружувана од в.д. амбасадорот Ото Граф, на работна средба во Стопанската комора на Северна Македонија. Се разговараше за инвестициската клима во државата, за потенцијалот за продлабочување на соработка и нови бизнис можности. Темите на разговори беа стабилноста на инвестициската клима условите за инвестирање, но и конкретно потенцијалот за продлабочување на бизнис соработката во доменот на енергетика, банкарскиот сектор, потенцијалот на хемиската индустрија, како и инвестирање во соодветен стручен кадар за потребите на бизнисот.

Извршниот директор на Комората, м-р Антони Пешев, изразувајќи задоволство, што бизнис делегацијата е на средба во најстарата и најголема коморска асоцијација во државата истакна дека се`уште има простор за интензивирање на соработката иако Германија е најголем деловен партнер на нашата државата. Пред германските стопанственици, ги престави услугите на Комората кои се ориентирани кон поддршка на компаниите согласно нивните потреби, како и фактот дека членките на Стопанската Комора креираат половина од вкупниот приход во стопанството, речиси 50% од нето добивката во приватниот сектор, а секој трет вработен, работи во фирма членка на Комората.

Претседавачот на Собранието на Комората, д-р Ристо Јаневски, го истакна значењето и важноста на странските инвеститори во државата како компании кои се сериозен поттик и за домашните претприемачи преку трансфер на know-how, иновативни решенија, стандардизација и корпоративна култура. 

Германските стопанственици беа запознаени и со улогата на Северна Македонија во регионалните интегративни процеси, значењето на западен Балкан за развојот на државата како и улогата во Отворен Балкан преку интензивирање на 4те слободи за проток за стоки, луѓе, капитал и услуги.

Германските претставници изразија интерес за деловната клима во неколку сектори (енергетика, банкарство, хемиска индустрија), ставајќи акцент дека во делот енергетиката Северна Македонија, но и целиот регион на Западен Балкан има голем потенцијал за енергетски инвестиции во обновливи извори, со визија во иднина да може да го снабдуваат и западно европскиот пазар. 

Германија е најголем трговски партнер на државата. Вкупната размена со СР Германија во 2022 година надминува 5 милијарди американски долари, или 24% од вкупниот обем на размена на Северна Македонија со светот.

Еден од позначајните странски инвеститори во делот на автомобилската индустрија и земја со која остваруваме суфицит во износ од 2,8 милијарди долари во вкупниот обем на размена.