„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
20.03.2023
Во рамки на емисијата „Само прашај“, која се емитува на МРТ, во име на Групацијата за домување и управување со станбен и деловен простор при Комората учествуваше Даниела Михајловска Василевска, координатор на Групацијата.
Акцент во разговорот беше ставен на улогата на станбените управители во вкупниот концепт на колективно живеење. Многу дилеми и недоразбирања постојат кај граѓаните кои живеат во колективни станбени згради од нивните права и обврски согласно Законот за домување. Поентите од разговорот се дека:
- Секој станар има обврска да ги плаќа редовно сметките. А ако повеќе од 3 месеци има неплатени сметки треба да назначи лице кое тоа ќе го прави во негово име.
- Трошоците за заедничките простории ги плаќаат сите станари, но и сите ги користат бенефициите од истите.
- Средствата од Резервниот фонд се користи со одлука на 51% од станарите, исклучиво за инвестициски активности и неодложни итни работи.
Од 2011 година до декември 2022 година бројот на станбени згради кои се управувани од лиценцираните управители изнесува 4 829 или вкупно 114 014 станови и деловни простории, додека пак управувани од заедници на сопственици има вкупно 2 655 станови.
Повеќе информации од разговорот на следниот линк - https://play.mrt.com.mk/play/60482