„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
20.03.2023
Советот за развој на тренингот и обуките при Стопанската комора, во салата на Локалната самоуправа во Штип, ја одржа првата, од серијата планирани тркалезни маси, на тема: „Усогласување на понудата и побарувачката на вештини-клучен фактор за создавање профитабилни бизниси“. На тркалезната маса беа презентирани наодите од идентификацијата на понудата и побарувачката на вештини на регионално и локално ниво со фокус на Источниот плански регион и услугите што ги нуди Комората преку Советот во рамките на своите стратешки приоритети – да се обезбеди функционално-пазарно образование и да се овозможат услови компаниите, да создадат додадена вредност и да го зголемат извозот.
Движењата на понудата и побарувачката на работна сила имаат клучно значење за развој на реалниот сектор, а со тоа и на економскиот развој на државата. Затоа разбирањето на состојбата на пазарот на работна сила преку прибирање податоци и анализа на истите, кои претставуваат дел од активностите на Комората, е една од главните елементи за предвидување и планирање, а подоцна и за развивање и за обезбедување на вештини и квалификации на кадарот потребни на реалниот секторот.
Појдовна основа за дискусија беа наодите од „Анализата за понудата и побарувачката на вештини во петте плански региони (Скопски, Вардарски, Источен, Југоисточен и Пелагониски регион) во Северна Македонија“ изработена од проф. д-р Благица Новковска, национален експерт за пазарот на трудот и образованието, со поддршка на Стопанската комора и проектот „Образование за вработување (Е4Е)“.
На тркалезната маса присуствуваа претставници од бизнис секторот и директорите од средните стручни училишта од Штип и Кочани, претставници од факултетите од Универзитетот „Гоце Делчев“, локалната самоуправа од Штип и Агенцијата за вработување.
Источен регион:
Наод: Со намалување на бројот на населението се намалува и бројот на работоспособното население во овој регион.
Наод: Доминатната структура претставува постара структура во работната сила и за да не се испушти работниот потенцијал потребни се процесите на преквалификација и доквалификација на работоспособното население.
Наод: Стабилизирањето на надворешната миграција може да се должи на странските инвестирања и модернизација на определени дејности.
Наод: Побаруваните вештини од еден регион се надополнуваат со вештини од другите региони.
Наод: Високата стапка на слободни работни места со ниска стапка на невработеност покажува дека нема соодветен потенцијал за да се обезбеди кадар за пополнување на слободните работни места.
Наод: Растењето на бројот на вработени во објектите за сместување и сервисните дејности со храна се показател дека расте туристичко-угостителскиот сектор и фокусот треба да биде насочен кон обезбедување квалификации преку формалното образование или процесот на преквалификација во овој сектор.
Заклучоци и препораки од тркалезната маса: