Прописи и известувања објавени на единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР)
Општата цел на нацрт Законот се промените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААВМУ) за усогласување со Директивата за аудиовизуелните медиумски услуги (ЕУ)2018/1808 и соодветните европски стандарди.
Конкретни цели се:
1. Усогласување на националното медиумско законодавство со регулаторната рамка на ЕУ
2. Обезбедување кохерентност меѓу законодавната и регулаторната рамка и засилување на правната сигурност
3. Засилување на промоцијата на слободата на изразување и медиумскиот плурализам во конвергентното медиумско опкружување
4. Постигнување на поголема конкурентност и одржливост на медиумскиот пазар
5. Засилување на заштитата на потрошувачите, вклучувајќи ги малолетните лица и ранливите групи.
6. Промовирање на саморегулацијата и корегулацијата
На ЕНЕР на 13.03.2023 г. е објавен Нацрт Закон за финансиски инструменти
Со предложениот Законот за финансиски инструменти ќе се постигнат следните цели:
- сите финансиски инструменти што се достапни за инвеститорите на пазарите во Европската Унија ќе бидат предвидени во Законот за финансиски инструменти. Тоа занчи дека, со донесувањето на Законот ќе им се овозможи на инвеститорите од Република Севрена Македонија да може да инвестираат и во понови видови на деривативни финансиски инструменти како емисиони квоти, деривативни инструменти за пренос на кредитен ризик и др. Имено, иако во Македонија нема активен пазар со деривативни финансиски инструменти (фјучерси, опции, емисиони квоти и др.) домашните инвеститори ќе може да инвестираат во деривативни финансиски инструменти кои се креирани и со кои се тргува во странство;
- креирање на инфраструктура на македоснскиот пазар на капитал која ќе кореспондира на инфраструктурата на пазарите на капитал во земјите членки на ЕУ. Новата инфраструктура ќе биде опфатена со Законот и истата ќе се состои од инвестициски друштва (брокерски куќи), даватели на податоци за тргување, пазарниот оператот(берза) и другите регулирани места за тргување како, Мултилатерална платформа за тргување (МПТ) и Организирана платформа за тргување (ОПТ), Централниот депозитар за хартии од вредност и Фондот за обештетување на инвеститори.
- издавaњето на дозволи и овластувања на инвестициските друштва (брокерските куќи), начинот на вршење на дејноста и организиациската поставеност на давателите на инвестициските услуги ќе биде регулирано во согласност со стандардирте на ЕУ;
- вооспоставување на пристап заснован на ризик во делот на капиталните барања за инвестициските друштва. Ова значи дека, колку поголем ризик преземаат инвестициските друштва при вршење на нивните основни и помошни активности, толку поголем основен капитал ќе им биде потребен на инвестициските друштва при нивното основање.
- воведување на нови регулирани пазари, односно платформи за тргување. Имено, освен преку пазарниот оператор (берзата) целта е да се овозможи со финансиски инструменти да се тргува и на други регулирани пазари како што се Мултилатерална платформа за тргување (МПТ) и Организирана платформа за тргување (ОПТ) и Мултилатерална платформа за тргување регистрирана како растечки пазар на мали и средни претпријатија.
- воведување попрецизни и пообемни мерки за откривање и спречување на злоупотреба на пазарот вклучувајќи, јавно обелоденување на инсајдерски информации, известување за трансакции за менаџерите и др. Главна цел на овие мерки е да се зачува интегритетот на пазарот, да се воспостави одговорност од тие кои манипулираат со пазарот и да се обезбеди поголема правна сигурност на пазарот на капитал.
- обезбедување на соодветно ниво на транспарентност на издавачите на финансиските инструменти преку доставување на стандардизарани, споредливи, релевантни и високо квалитетни информации како, годишни и полугодишни финансиски извештаи, обелоденување на доминантните иматели на сите финансиски инструменти кои би можеле да се употребат за стекнување економски интерес во котираните друштва и др. Сето ова со цел, градење одржлива доверба на инвеститорите и интегритет на пазарот во насока на достигнување високи стандарди на транспарентност.
- овозможување да се основаат на пазарот на капитал во РСМ три нови типови на
субјекти (ОМО - овластен механизиам за објавување, ДКП - давтел на консолидирани податоци и ОМИ- овластен механизам за инвестирање), кои ќе можат да бидат лиценцирани да прибираат податоци за реализираните тргувања на пазарот на капитал, кои податоци ќе ги прибираат од регулираните пазари како (пазарен оператот, МПТ и ОПТ и од инвестициските друштва и да вршат услуги на известување за прибраите податоци.
- Надградување на овлсатувањата на Комисијата за хартии од вредност со цел да и се овозможи да ги остварува своите нови задачи поврзани со воведувањето на новите услуги со Законот, новите финансиски инструменти, капиталните барања и условите за однесување на пазарот од страна на учесниците на пазарот на капитал.
На ЕНЕР на 13.03.2023 г. е објавен Предлог Закон за проспекти и обврски за транспарентност за издавачите од хартии од вредност.
Со Законот за проспект и обврски за транспарентност на издавачите на хартии од вредност се уредуваат условите и постапката за понуда на хартии од вредност, условите и постапката за изработка, одобрување и дистрибуција на проспектот што се објавува кога хартиите од вредност се нудат на јавноста или се примени за тргување на регулиран пазар, Барањата во врска со обелоденувањето на периодични и тековни информации за издавачот кој успешно реализирал јавна понуда на хартии од вредност со проспект кој го одобрила Комисијата за хартии од вредност и за издавачот чии хартии од вредност се веќе примени за тргување на регулираниот пазар и Надзорот во врска со спроведувањето на овој закон.
Министерството за финансии е носител на Законот, а Регулаторен орган за спроведување на овој закон е Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија (во понатамошниот текст "Комисијата") чија надлеженост е регулирана согласно Законот за финансиски инструменти.
Со донесувањето на Законот за проспекти и обврски за транспарентност на издавачите на хартии од вредност ќе се уреди можноста за издавачите на хартии од вредност да издаваат проспект како единствен документ, или како проспект составен од повеќе документи, како што се документ за регистрација, белешка за хартиите од вредност и резиме на проспектот и ќе се овозможат највисоки стандарди за заштита на инвеститорите во согласност со Европската унија.
Со Нацрт текст на Предлог на Закон за органско земјоделско производство, чиј предлагач е Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство се врши усогласување со:
- Регулатива (ЕУ) бр. 2018/848 на Европскиот Парламент и на Советот од 30 мај 2018 година за органско производство и обележување на органски производи и за укинување на регулативата (ез) бр. 834/2007 на советот;
- Регулатива за спроведување на комисијата (ЕУ) 2021/1165 од 15 јули 2021 година, одобрување на одредени производи и супстанции за употреба во органско производство и утврдување на нивната листа.
Цели на предлог регулативата
Предложениот Нацрт Закон за органско земјоделско производство директно има за цел:
(а) придонес кон заштита на животната средина и климата;
(б) одржување на долгорочната плодност на почвите;
(в) придонес кон високо ниво на биолошка разновидност;
(г) значителен придонес кон здрава животна средина;
(д) придонес кон високо ниво на стандарди за благосостојба на животните и, особено, во задоволување на специфичните потреби на однесување на животните специфични за конкретните видови животни;
(ѓ) поттикнување на кратки дистрибутивни канали и локално производство;
(е) поттикнување на зачувувањето на ретки и автохтони раси на животни на кои им се заканува опасност од изумирање;
(ж) придонес кон развојот на снабдувањето на растителен генетски материјал прилагоден на посебните потреби и цели на органскотоземјоделство;
(з) придонес кон високо ниво на биодиверзитет, особено со користење на разновиден растителен генетски материјал, како што е органски хетероген материјали и сорти соодветни за органско производство;
(ѕ) поттикнување развој на органски селекциони активности со цел придонес кон поволните економски перспективи во органскиот сектор.
Со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за банките со новиот Закон за платежни услуги и платни системи, особено во делот на одредбите со кои се регулира работењето на штедилниците.
Законот за платежни услуги и платни системи („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.90/22) започна со примена од 01 јануари 2023 година. Работењето на штедилниците како финансиска институција е уредено во Законот за банките.
Целосниот текст на Предлог – законот е достапен на следниот линк.