Закони во собраниска процедура
Според известувањето на Министерството за финансии, основна причина заради која се врши изменување и дополнување на Законот за административните такси (“Службен весник на Република Македонија” бр. 61/04, 92/07, 102/08, 35/11, 53/11, 84/12, 188/13, 154/15, 192/15 и 23/16 и (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр.151/21) е да се изврши подобрување на текстот на законот со посебен осврт на подобрувања од номо-технички аспект, како и усогласување со други закони во Република Северна Македонија, согласно добиени предлози од органите на државната управа на Република Северна Македонија.
Меѓутоа, освен за усогласување на одредбите од овој закон со друга релевантна позитивна норматива во земјава, истовремено се вметнуваат и измени во делот на тарифникот и тарифните броеви, како и цената на поединечни услуги кои ги нудат органите на државната управа.
Целосниот предлог текст е достапен на следниот линк.
Со Предлогот на Законот за изменување на Законот за пријавување и евиденција на обврски се предлага бришење на одредбата во која се пропишува можноста за изрекување опомена како прекршочна санкција, со цел да се елиминираат недоследностите кои оваа одредба ги произведува при постапувањето на Финансиската инспекција. Имено, во Законот за пријавување и евиденција на обврски пропишана е можноста да се изрече опомена како прекршочна санкција доколку е сторен прекршок со непријавување на обврските во електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврски, согласно овој закон, а притоа сторителот да го сторил прекршокот по првпат во календарската година и доколку сторителот пред донесување на одлуката за прекршок ја исполнил пропишаната обврска, односно ги пријавил обврските согласно овој закон. Финансиската инспекција, како овластен орган за поднесување барање за поведување прекршочна постапка пред надлежен суд, пред поднесувањето на барањето за поведување прекршочна постапка пред надлежен суд, согласно Законот за прекршоците, има обврска да спроведува постапка за порамнување со издавање прекршочен платен налог во кој предлага глоба, но не и опомена. Опомена, како прекршочна санкција, согласно Законот за прекршоците, во смисла на постапувањето на Финансиската инспекција, може да изрече судот, ценејќи ги сите олеснителни околности. Исто така, во Законот за прекршоците (член 21 став 2) пропишана е и можноста за судот да пресуди ослободување од санкција доколку сторителот ја исполнил обврската пред донесување на одлука од суд. Во смисла на оваа одредба доколку сторителот постапил во согласност со истата, односно доколку го сторил прекршокот по првпат во календарската година, инспекцијата со оглед дека не изрекува опомена, согласно горенаведените прописи по кои постапува, треба да спроведе постапка за порамнување со издавање прекршочен платен налог во кој предлага глоба, со што би постапила спротивно пак на одредбата од член 14 од Законот за пријавување и евиденција на обврски, каде е предвидено да се изрече опомена како прекршочна санкција

Цел на законот:
Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната има за цел да обезбеди високо ниво на заштита на здравјето на луѓето како и заштита на интересите на потрошувачите во однос на храната, да го регулира внатрешниот промет со одредени видови на храна, како посоодветно и поблиску и да го уреди спроведувањето на официјалните контроли. Основни решенија на законот се воведување на интегриран систем на официјални контроли во целиот ланец на исхрана, олеснување на процедури за ставање во прометот на храна на која се означени нутритивните и здравствените тврдења, збогатената храна и додатоци на исхрана, производи и материјали што доаѓаат во контакт со храната, адитиви, ензими, ароми и тн. како и обезбедување на соодветна поврзаност со концептот на безбедност на храната и ветеринарното јавно здравство.
Иницијативата за предлог на Законот има за цел да ја истакне потребата и начинот од воведување можност за склучување нa посебни договори (managed entry agreements) помеѓу Република Северна Македонија и производителите на специфика на лекови што се иновативни, и немаат конкуренција на пазарот, истовремено имаат висока цена во прометот, а се употребуваат најчесто во третманот на пациенти со ретки болести,цистична фиброза, како и други специфични и тешки болести. Употребата на овие лекови во современите третмани на овие болести во светот покажа голема ефикасност и подобрување на исходот од третманите кај пациентите со овие болести и овозможуваат продолжување на нивниот животен век, но, високата цена на овие лекови го отежнува пристапот до нив, особено во земјите со ограничени буџети за здравствена заштита како Република Северна Македонија.
Посебните договори што ќе се склучуваат помеѓу купувачот и фармацевтската компанија имаат за цел да овозможат достапност на овие современи терапии со лекови по поприфатлива цена и услови Овие договори можат да имаат различни форми и содржина, како што се пониска цена, под услов истата да не биде јавно достапна со цел заштита на финансиските интереси на производителот, или финансиски или натурален попуст (рабат)итн. Посебните договори не се договори за јавна набавка. Склучувањето на посебни договори исто така повлекува споделување ризик помеѓу купувачот и производителот кои му овозможуваат оптимално планирање, регулирање и гарантирање на снабдувањето и трошоците на лекувањето. Склучувањето на овие договори ќе биде од корист не само за пациентите, туку и за државата како целина. Обезбедувањето пристап до специфика на лекови што се иновативни, немаат конкуренција на пазарот, истовремено имаат висока цена во прометот и како современа терапија може значително да ги подобри резултатите од лекувањето и, на долг рок, да ги намали трошоците за здравствена заштита поврзани со управувањето со хронични заболувања. Со цел да се создадат услови за склучување на ваков вид посебни договори, потребно е да се направи дополнување во Законот за лековите и медицинските средства и измена и дополнување на Законот за здравственото осигурување. Овие измени и дополнувања ќе овозможат имплементација на посебни договори, со што ќе се обезбеди подобар пристап до лекови кои се иновативни и немаат конкуренција на пазарот за пациенти кои боледуваат од ретки болести, и други специфични и тешки болести вклучително и цистична фиброза.